Најмалку 16 туристи се ранети денеска при експлозија на бомба крај туристичка автобус во близина на новиот Голем египетски музеј, што се гради во реонот на познатите пирамиди во Гиза.
Египетските безбедносни сили го потврдија нападот, а Ројтерс јави дека најголем број од туристите биле странци. повредените се со средни и лесни рани и никој не е во сериозна здравствена состојба.
– Експлозивна направа беше активирана покрај оградата на музејот, кога автобусот минувал покрај, изјави за ДПА претставник на безбедносните сили, кој побарал анонимност.
Нападите врз египетските безбедносни сили и припадниците ја коптското христијанско малцинство зачестија во Египет, по соборувањето од власти на претседателот -исламист Мохамед Морси од страна на Армијата во 2013 година.
Во декември тројва Виетнамци туристи и нивниот локален водич загинаа кога нивниот автобус беше цел на бомба поставена покрај патот.




