Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово: Српската листа повторно победи во четирите општини на северот

0
By Нова ТВ on May 20, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 20, 2019 09:30

Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), според неофицијалните резултати објавени синоќа, извојува убедлива победа на вонредните локални избори во четири општини во северно Косово, јави МИА од Приштина.

Кандидатите за градоначалници од редовите на СЛ, на изборите во општините со мнозинско српско население – Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, според неофицијални информации од партиски и други извори кои ги следеа изборите, освоиле меѓу 94 и 96 отсто од гласовите на оние кои гласаа.

На изборите, според Централната изборна комисија на Косово, својот глас го дадоа 42,42 отсто од вкупно 57.983 граѓани со право на глас, а изборниот процес помина без ниту еден инцидент.

Набљудувачите на вчерашните избори, како домашните, така и меѓународните, не забележаа посериозни нерегуларности за време на гласањето.

Првична оценка и на ЦИК е дека изборниот прцес во четирите општини помина без проблеми.

– На 87-те гласачки места во 44 гласачки центри во четирите општини, гласањето заврши на време. Според прелиминарните податоци од терен, изборниот процес во тие општини се заврши без проблеми. Своето избирачко право го искористија 24.595 или 42,42 отсто од граѓаните со право на глас, изјави на синоќешната прес-конференција претседателката на ЦИК, Ваљдете Дака.

Учесниците на изборите – Српската листа, Демократската партија на Косово (ПДК) и Движењето Самоопределување (ВВ) имаат рок од 24 часа да поднесат приговори за евентуални нерегуларности.

Вонредните избори во четирите општини во северно Косово беа распишани откако тамошните градоначалници кон крајот на минатата година поднесоа оставки во знак на револт поради воведувањето на таксата од 100 отсто на увозот на српски производи. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.