НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема нова корисна информација за истрагата за бегството на Груевски

0
By Нова ТВ on May 21, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: 24.ху
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документот од Албанија кој неодамна го доби Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а во врска со бегството на екс премиерот Никола Груевски, не открива ништо ново, вели обвинителката Русковска за „Фокус“.

-Го разгледав документот, но нема ниту една корисна, нова информација. Пишува на кој граничен премин Груевски излегол од Албанија и каде влегол во Црна Гора, а тоа веќе го добивме како информација од Црна Гора. Албанија не го открива она што ние го баравме, а тоа е како влегол во нивната држава. Исто така нема информации, ниту снимки, за хотелот во Албанија каде што бил Груевски, изјави Русковска за „Фокус“.

Албанија претходно ги извести македонските власти дека не може да ги достави и снимките од граничните премини, бидејќи се избришани.

Снимки од граничните премини предаде Црна Гора, а се разгледуваа и снимки од камерите на македонските гранични премини, како и од камерите низ Скопје.

За бегството на Груевски во Будимпешта, Унгарија, во обвинителството исказ досега дадоа телохранителите на екс премиерот и други сведоци.

Минатата недела, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека документите за распишување на потерница по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и дека властите очекуваат потерницата да биде објавена.

Претходно, обвинителката Рускоска минатата недела изјави дека Интерпол одбива да распише потерница за Груевски и за разузнавачот Никола Бошкоски, обајцата осомничени како организатори на крвавите настани од 27 април.

Но, познавачи на оваа област за НОВА објаснија дека со промената на правилата на Интерпол  од 2015 година, оваа меѓународна организација ги либерализира правилата за тоа во кои случаи важи црвената потерница, а едно од нив е дека доколку лицето има добиено азил, ваква потерница не може да биде распишана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.