Франција е првата држава која ги забранува сите пет пестициди кои се смета дека се виновни за уништување на пчелите. Со тоа таа станува пример во глобалните напори за спасување на пчелите и спречување на тнр. “еколошки Армагедон”.
Земјата ги забрани сите 5 неоникотиноид пестициди за кои истражувачите укажаа дека ги уништуваат пчелните популации.
Овој потег уследи откако Европската унија забрани употреба на трите најопасни пестициди – клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам, при пшроизводнсто на земјодеслки култури, почнувајќи од минатиот месец.
Франција на листата на забранети освен овие три, ги додаде и тиаклоприд и ацетамипид, а забраната важи не само за употреба на отворено, туку и во оранжериите.