Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова демократија со 9.5 oтсто пред СИРИЗА, Грција оди на предвремени избори

0
By Нова ТВ on May 27, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 27, 2019 09:07

Со разлика од 9.5 отсто во однос на СИРИЗА, најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија е победник на вчерашните европски избори во Грција, а земјата, како што самиот најави Алексис Ципрас, набргу оди на предвремени избори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според преброените 74.27 отсто од гласовите заклучно со 9 часот утрово по локално време, претставници во Европскиот Парламент добиваат седум грчки партии, меѓу кои за прв пат, две новоформирани. Едната од поранешниот член на ултранаципналистичката ЛАОС, Кирјакос Велопулос (Грчко решение), другата од поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас, Јанис Варуфакис (Мера25).

Според резултатите, Нова демократија освои 33.24 % – 7 европратеници, СИРИЗА 23.74 % – 6 европратеници, Движење на промена 7.51% -2 европратеници, Комунистичка партија на Грција 5.54% -2 европратеници, Златна зора 4.86% -2 европратеници Грчко решение (Велопулос) 4.12% -2 европратеници, Мера25 (Варуфакис) 3.06% -2 европратеници, додека останатите партии освоија 17.93%.

Опозициската Нова демократија, освен на европските, во водство е и на локалните избори во Грција, а веќе од првиот круг доби пет грчки периферии.

Со пребројани 72.62 отсто од гласовите, Нова демократија победи во регионите Централна Македонија, Западна Македонија, Епир, Тесалија и периферијата што ги вклучува островите од северниот дел на Егејското море, каде што нивните кандидати за префекти освоија над 50 отсто од гласовите.

Во Атина, со пребројани 98.20 отсто од гласовите, Костас Бакојанис од Нова демократија освои 42.67 отсто, а кандидатот на СИРИЗА, Насос Илиопулос 16.96 отсто. Сепак последната битка ќе се води следната недела во вториот круг.

Втор круг ќе има и во општина Солун. Николаос Тахиаос од Нова демократија е сигурен на првата позиција со 22.48 отсто, додека пак тесна битка се води за второто место меѓу Константинос Зервас и Јоргос Орфанос, со разлика од само 0.3 отсто со пребројани 57 отсто од гласовите. Кандидатката од СИРИЗА, Катерина Нотопулу е на четвртата позиција со 13.54 отсто.

Излезноста на евроизборите е 58.27 отсто, на изборите за префекти 58.15 отсто, а за градоначалници 58.71 отсто.

Откако вчера, Министерството за внатрешни работи на Грција ги соопшти првите официјални резултати, лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис побара од Ципрас да преземе одговорност и да си даде оставка.

АНА МПА

-Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер, неколку минути пред полноќ, рече дека по вториот круг на локалните избори следната седмица, ќе побара од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори.

-По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори за на крај грчкиот народ да биде оној што ќе ја даде конечната одлука, рече Ципрас објаснувајќи дека нема намера да избега и нема да го игнорира резултатот од изборите.

Неофицијално во Грција, како и во изминатиот период, така и сега, како можен датум за избори се споменува 30 јуни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.