НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој му дели памет на премиерот

0
By Нова ТВ on May 27, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица. Заедно со редовните советници има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски за којшто лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека потрошил 1,7 милиони евра за една година за 91 надворешен советник. Според законите, претседателот на владата има постојано вработени државни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари.

Меѓу новите имиња со постојан месечен хонорар се и универзитетскиот професор од Kaтедрата за македонски јазик Венко Андоновски и Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН, Нано Ружин. Го побаравме ажурираниот список со надворешни соработници, односно советници на претседателот на Владата за да следиме дали има промени и какви се ангажманите на овие лица.

Заев има надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.

Советничкиот список на премиерот во јавноста беше често критикуван  за компетенциите и за дубиозните врски на одредени советници со лица од бизнисот и подземјето. Голем дел од забелешките се однесуваа на злоупотребата на советничките функции во кабинетите за партиски и лични цели.

Од локална естрада до советник за Бенелукс

Од почетокот на годинава Александар Ружин му стана дипломатски советник на премиерот. Во владиниот одговор пишува дека секој месец тој зема 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)  и Франција“.

Александар Ружин има 36 години. Тој е член на Либерално демократската партија (ЛДП), исто како и неговиот татко Нано Ружин кој порано ја вршеше функцијата амбасадор во НАТО. Роден е во Париз во 1983 година.  Во тоа време неговиот татко студира во француската метропола.  Поседува приватна фирма за продажба на автомобилски гуми и бандажи – „Бенелукс Тунинг“ . 

Политичките амбиции на Ружин стануваат повидливи по антивладините протести кои почнуваат во 2015 година. Тој често се фотографира на митинзи на тогашната опозиција со високи функционери на СДСМ. ЛДП е дел од опозициското движење, често гледана како привезок на СДСМ. Тој и неговото семејство можат да се видат на фотографии со лидерот на СДСМ Зоран Заев и, почесто, со неговата сопруга Зорица.

Севкупно, професионалниот бекграунд во сферата на меѓународните односи на Ружин помладиот е кусо речено – скромна. До скоро, тој беше почесто присутен во вестите од естрадата,   а поголема популарност стекна како момче на хрватската поп ѕвезда Антонија Шола.  „Александар Ружин, македонскиот џет-сетер е сингл“, во ваков контекст до скоро се известуваше за синот на дипломатот. На неговите профили на социјалните мрежи често споделува фотографии од скапи автомобили и патувања, но и од вечерни излегувања. Пред околу две години тој се проба и како влогер. Заедно со неговата тогашна девојка Елена почнаа да продуцираат лајф-стајл видеа со пораки за љубов и среќа.

Фото: Социјални мрежи. Постирана од Александар Ружин во кафеана со Вице Заев, брат на премиерот Заев

Во едно од ретките политички интервјуа кои тој ги има дадено себеси се опишува како некој којшто „уште од студентските денови се интересирал за политичката еволуција“. Во истото интервју за естрадниот портал „Идол.мк“ тој вели дека донел значајни инвеститори од Белгија и Франција“, а пишувал и труд за неговите инвестициски лобирања.

Стапивме во контакт со Александар Ружин. Го прашавме како дошло до понудата со премиерот, какво е неговото познавање на состојбите со земјите од Бенелукс и Франција, што сторил во својот мандат и на чија иницијатива станал советник на премиерот. Тој самиот ги побара прашањата писмено.

„На службен пат сум со делегација, пишете ми ги прашањата“, беше неговиот прв и единствен одговор.

Прашавме и во Владата, а оттаму одговорија кусо неоткривајќи детали за резултите од ангажманот на Ружин.

„Надворешниот соработник Александар Ружин, согласно предметот на договорот е надворешен соработник за Економска, социјална и културна соработка на РСМ со државите на Бенелукс и Франција, за што поседува соодветни знаења и контакти“, велат од Владата.

Премиерот има седум надворешни соработници кои работат на проекти или го советуваат за прашања од надворешната и регионалната политика. Меѓу нив има и истакнати имиња како претседателот на Евроатланскиот совет Исмет Рамадани. Рамадани беше расположен за разговор да сподели со јавноста што работи.

„Правиме месечни анализи и извештаи поврзани за нашето членство во НАТО кои му ги доставуваме на премиерот. Освен тоа имаме консултации пред официјални средби во земјава или надвор, кога доаѓаат делегации или кога нашите државни претставници имаат состаноци со нивни колеги од областа на одбраната или НАТО“, вели Исмет Рамадани,претседател на невладината организација Евроатлантски совет на Македонија кој го советува премиерот за остварување на стратешките определби на РСМ за членство во НАТО.“

Омилениот писател на сите влади- советник на таен проект во Белград

Венко Андоновски е популарен македонски писател. Со години пишува колумни за општествените збиднувања во дневниот весник  „Нова Македонија“.

Изминатите неколку години во јавноста тој беше критикуван дека му дава суптилна поддршка на Груевски со неговото премолчување на големи афери кои задираа во фундаменталните права на граѓаните како слободата на говор. Андоновски беше еден од оние уметници кои  јавно и се заблагодаруваа и ја фалеа министерката за култура  Елизабета Канеческа Милевска за што беше критикуван и исмејуван од еснафот во културата. Советник за таен проект за култура во Белград кој може и да не успее.

„Огромна благодарност до министерството, ретко имаме министерка во Владата која толку се труди за културата на својата земја“, ќе рече Андоновски за Канческа Милевска, министерката која што имаше значајна улога во овозможувањето на продорот на национализмот во културата и во идеолошко-корупцискиот проект „Скопје 2014“. Во неговите колумни Андоновски се трудеше да одржи привид на критичност, но на социјалните мрежи и во колумните на истакнати јавни личности беше обвинуван дека ги критикува  слабите, а не моќните. Тој често пишува за менталитетот на македонскиот народ, а како примери често ги даваше културата на продавачките во маркетите, месарите, тетовираните и слично.

Венко Андоновски со обраќање на промоцијата на книгата „Филантропијата на доктор Ванчо Чифлиганец“. Во публиката се поглаварот на МПЦ, премиерот Зоран Заев, вице-премиерот Кочо Анѓушев и други личности во септември 2019

Андоновски е автор на трите дела на биографијата на контроверзниот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, којшто беше обвинуван за корупција и трговија со влијание од страна на тогашната опозиција, а сега власт – СДСМ. На првите две промоции на животните  достигнувања на градежниот могул Андоновски читаше извадоци пред високи функцинери на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Професорот ги напишал „Можеш и ти“, „Ванчо Чифлиганец 60“ и “Филантропијата на професор-доктор Ванчо Чифлиганец“, а на промоцијата на третата книга кај Чифлиганец дојде премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Синот на бизнисменот, Душко, е во подолга љубовна врска со внуката на премиерот од брат, Ева.

Андоновски е ангажиран на почетокот на годинава, а договорот му е до крајот на истата. Во владиниот документ пишува дека „Осмислување на  структурата и функцијата, изготвување и испитување конкретни можности на терен за отворање на државен Македонски центар за култура во Србија. Месечно добива паушал од 40,000 денари. Тој вели дека неговиот ангажман бил на негова иницијатива. Идејата била стара, но новата влада покажала интерес.

„Сега предложив два проекта, еден од нив и беше предложен и на претходната влада која немаше интерес за тоа и на мое пријатно изненадување, оваа влада покажа интерес за нив“, вели Андоновски.

Прашан за детали од проектот, тој рече дека не може се да открие оти не се знаело ниту дали ќе успеат.

„Станува збор за два меѓународни културни проекти за кои изработив темелни елаборати. Не можам да ги откријам зошто се во фаза на елаборација. Може да се случи ништо од тоа да не биде“, вели Андоновски и порачува да се почека на првите резултати. Иако не сакаше да открие детали, раскажа дека овие идеи се негови младешки соништа.

“Ги носам уште како млад човек, а сега ете доаѓа време кое ми се чини погодно за реализација“, вели Андоновски и вели дека сите уметници ќе имале полза од мистериозните проекти.

Андоновски беше дел од уметниците и професори кои се противеа на Договорот со Грција и жестоко ја критикуваа власта.

„И  натаму стојам на ставот дека Македонија плати преголема цена за прием во НАТО и ЕУ со промена на името. Но, исто така, не мислам дека на пример, најдобрите наши фудбалери треба да престанат да играат фудбал за репрезентацијата, поради тоа што државата добила додавка во името. Јас минатиот месец платив данок на имот на име РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Ако не платев, ќе одев во затвор. Значи, ми се допаѓало мене тоа или не, јас сум граѓанин на сегашна Република Северна Македонија“, ни изјави Андоновски.

Да се биде советник

Премиерот самиот може да си ги одбере соработниците. Во изминатите 15 години видливо е опаѓањето на квалитетот во изборот на луѓе кои треба да им дадат  ум на премиерите и претседателите кои, што пак, одлучуваат за судбините на сите граѓани.

Професорот Денко Малевски и првиот министер за надворешни работи на Македонија деновиве е актуелен како советник за надворешна политика на претседателот Стево Пендаровски. Малевски важи за виден интелектуалец и познавач на меѓународните односи. Тој беше еден од најпопуларните професори на Правниот факултет при УКИМ.

„Тие позиции по непишано правило се даваат на луѓе со професионалн багаж и автортитет во областа во која треба да советуваат. Во Македонија  се чини дека овие позиции постојат за да се ухлебат партиските послушници“, вели Малевски.

Кога германската канцеларка Ангела Меркел реши на Заев да му испрати советник на нивен трошок којшто ќе работи и ќе ја советува владата на Заев за економски политики и реформи во користењето на европските фондови, тие го испратија Валтер Дефа.

„Валтер Дефа е човек што свири пијано, сака старогрчки и игра голф. Тој директорувал со два директорати во Европската комисија, на најголемиот, за даноци и царини, а потоа од 2012 до 2016 и на Директоратот за регионална и урбана политика“, ќе напишат медиумите за бесплатниот германски надворешен советник на Заев.

Пишуваат: Маја Јовановска и Сашка Цветковска од ИРЛ Македонија

Сторијата е соработка помеѓу НОВАТВ и Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ– Македонија  во рамки на проект за унапредување на реформите во сферата на владеењето на правото поддржана од НЕД.

Продолжува: Има ли систем на заслуги во назначувањето на советници

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.