НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јајца, лаги и патриотизам

0
By Нова ТВ on November 9, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во долгиот список на експрес-патриоти, има многу малку случаи кога херојската ѕвезда згаснува толку брзо. Кога пред една година, возилото на премиерот Никола Груевски беше погодено со јајца во Тирана, тешко можеше да се претпостави рапидниот пресврт во кариерата на Таулант Цапа. Во ноемвриското еуфориско чудо, секој се продаваше за патриот. Едноставно, таква беше модата таа сезона.

Како да не беа доволни протестите организирани од маргиналната „Цивилна Партија” во Тирана, патриотизмот требаше да се потврди и со фрлање јајца, како и силните изјави на чело на протестантите „против славомакедонскиот диктатор кој ги тероризира, убива и уништива Албанците”.

Дури и за балкански стандарди, овие настани се апсолутно ретки. Нападот врз возилото на премиерот Груевски беше во прв ред шлаканица за албанската држава, која како домаќин носи одговорност за безбедноста на државните гости. Сепак, ова беше веднаш поправено од властите, кои природно немаат толеранција за дејствијата кои го уриваат угледот на државата.

Земајќи ги во предвид посетите на странските државници во Тирана, не може а да не се запрашаме зошто беше нападната токму македонскиот конвој возила? Ваков преседан немало ни при посетите на српските и грчките делегации, кои се редовно проследени со протести, но никогаш со вакви грди дејствија. Оттука, тешко се верува дека овој инцидент бил спонтан, од причина што немало никакви проблеми ни при далеку потензични и почувствителни посети.

Следниот преседан се случи без да пројде нималку една година. Како ретко порано, стигна абер дека премиерот му простил на напаѓачот, кој пак се извинил под притисок на дипломатски кругови во Тирана, за да влијае врз унапредување на билатералните односи, за кои не сме знаеле дека биле нарушени.

Без оглед на тоа колку изгледа бизарен, овој случај и посебно епилогот укажуваат на неколку мошне важни моменти.
Прво, уште еднаш се потсетивме на лавината проблеми кои ги создаваат патриотите во обид. Во време кога манипулациите со јазикот, знамето и националните чувства стана добар бизнис за материјални придобивки и експресно напредување, нема замки кои можат да изненадат.

Професионалните патриоти кои протестираа пред дваесетина години во шатори со шовинистички пароли, брзо се снајдоа во министерските и директорските фотелји. Поновите генерации кои диригираа со меѓу-етнички тепачки под плаштот на граѓанското општество, исто така се вдомија политички и добија профитабилни функции. Со овие критериуми, последниот случај е различен единствено по тоа што тука пропадна обидот за материјализација на патриотизмот. Така, лесно е замисливо кој дува на меѓу-етничкиот оган, кога овие ликови треба да помогнат во нивно гасење.

Понатаму, објаснувањето на јајце-фрлачот за причините поради кои бараше извинување изгледаат како многу познати. Кога вели дека за ова бил поттикнат од дипломатски кругови во Тирана, лесно се забележува сличноста со многуте оправдувања на албанските лидери, кои го кријат своето незнаење и манипулации со волшебните стихови дека „така од нив бараат меѓународните пријатели”. Едноставно, никој не може да провери што навистина се зборува на состаноците со странските дипломати, па таке е пронајдена лозинката која купува имунитет за сите дејства, без оглед на нивната нелогичност, погрешност и корумпираност.

Веројатно, со тек на време и зачестеност на овие случаи, ќе извлечеме поука и нема да најдеме овчари на трлото во секој што се удира в гради од патриотизам. Не сме веќе толку неискусни за да му веруваме на секој кој се истакнува со огнени говори, ветувајќи историски пресврти. На пример, Црвено-Црната Алијанса изгледаше реторички многу силна, се до денот на изборите кога доби помалку од 1% гласови. Пред да биде казнета од гласачите, оваа партија ветуваше промена на границите и национални обединувања, давајќи им крилја на оние кои едвај чекаат да ги прикажат Албанците како закана за Балканот.

Со минимална подршка која не се изразува во проценти, овие авантуристички ликови и движења не носат никакви промени, туку само прават штета. Тие придобиваат лично или групно, не водејќи сметка за направената штета и поттикнатите тензии. Она што е најважно – никој не знае кои се газди а кои слуги, кога и кому ќе се извинат, јавно или тајно…

Колумна објавена во порталб.мк на 08.11.13.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.