„Менаџментот на Стинг покажа огромно разбирање за нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното. На ваков начин, сите оние кои дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле на време да стигнат на концертот“, објави Милошески.
Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“.
Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.
Финалниот натпревар на Вардар почнува од 18 часот. За титула ќе се бори против Веспрем.
Ракометна сензација во Келн: Барселона по вторпат се „удави“ во Вардар