Утре во 20:13 часот во МКЦ ќе се одржи поетско читање на Игор Исаковски во музичка придружба на Тони Китановски.
За настанот насловен како „Игор Исаковски со Тони Китановски и пријателите“ се вели дека ќе биде „Читање од поетските книги „Смртта има коса од морска трева“ и „Светлината ве чека на рецепција“, со музика, без промоторски говори. Малку читање, повеќе музика. Повеќе журка отколку промоција“.