НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кооперација: Изложба во Загреб, насловена како Туѓо тело

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кооперација најавува изложба во Загреб- ТУЃО ТЕЛО, во Галерија „Грета“, Загреб, на 11-17 ноември 2013, 20.00 часот

Ова е прва изложба на Кооперација надвор од Република Македонија. Изложбата опфаќа дела изложени на (или кои се во корелација со) досегашните настани на Кооперација додека изборот на делата насочува кон присуството на телото во еден специфичен социјален и локален контекст, третирајки го како политички простор. “Иако делата во оваа изложба не се занимаваат со буквална референца на телесно присуство преку перформанс, сепак, сите се однесуваат на злоупотребата или принудното предавање на телото во масата, или пак неговото отсуство посведочено преку траги на претходно присуство, текстуални „фусноти“ или документирани интервенции во јавниот простор”, вели Владимир Јанчевски во текстот кон изложбата.

Уметниците на Кооперација се Симон Узуновски, Велимир Жерновски, Оливер Мусовиќ, Ѓорѓе Јовановиќ, Инес Ефремова, Никола Узуновски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, ОПА, Харалд Шенкер, Игор Тошевски, Александар Спасоски, Владимир Лукаш, Филип Јовановски, Владимир Јанчевски

КООПЕРАЦИЈА е иницијатива чија цел е активно делување вон инертните институционални рамки а која предлага еден поинаков начин на создавање и доживување на современата уметност на територијата на Република Македонија. КООПЕРАЦИЈА се залага за поместување и редефинирање на границите помеѓу јавниот и личниот простор и отворање на прашањето за активната улога на уметноста во контекст на централизираната културна политика и општествените дискурси. КООПЕРАЦИЈА се стреми да ја поттикне интеракцијата во релацијата уметник – публика.

Основната стратегија на КООПЕРАЦИЈА е окупирање на привремено слободни простори распрскани по урбаниот пејсаж и јавно изложување преку стратегија на блицкриг настапи. Замислена е како поттикнување на активен конструктивен дијалог во име на преиспитување на критичките позиции преку уметноста и создавање на поволна клима за продлабочување на можностите за слободна размена на идеи, искуства и слобода на изразувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.