Во делови на Северна Америка и Европа вчера е регистриран пад на многу сервери на „Гугл“.
Голем број на корисници пријавиле дека не функционираат „ЈуТјуб“, „Џимејл“, „Аналитикс“, „Драјв“, „Снепчет“, „Нест“ и други апликации.
Најмногу проблеми имаат корисниците на источниот брег на САД, како и во Европа.
Компанијата потврди дека вчера имало спорадични прекини во сервисот поради „задушување“ на мрежата, поради што некое време не работеле социјалните мрежи Снепчет, Јутјуб и Гугл.
Компанијата информира дека во тек е истрага за причините за проблемот.
За времетраењето на проблемот, на корисниците не им биле достапни социјалните мрежи или бавно работеле, а најголемо ниво на задушување на мрежата имало во САД.
Компанијата Гугл идентификувала проблем на Гугл Клауд наведувајќи дека корисниците со соочиле со бавни перформанси или грешки кои се повторувале за време на проблемот.
– Нашиот тим инженери ја заврши првата фаза од намалување на проблемот и сега работат на другата фаза по која очекуваме се да се врати во нормала, соопшти компанијата.




