Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција: Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори

0
By Нова ТВ on June 3, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 3, 2019 08:33

Повеќе од половина Грци одбраа вчера да не излезат на гласање во вториот круг од локалните избори за градоначалници и префекти, а според официјалните и конечни резултати од грчкото Министерство за внатрешни работи, Нова демократија е победникот, јави МИА од Атина.

Мала излезност, пресврт во Солун и целосна доминација на Нова демократија во цела Грција, се главните карактеристики што го одбележаа вториот круг од локалните избори.

На официјалниот сајт на грчкото МВР по официјалните резултати, мапата на Грција со 13. периферии е обоена во сино – бојата на Нова демократија.

Со целосно преброени гласови, во 12 од 13 периферии победници се кандидатите од Нова демократија. Меѓу седумте периферии кои вчера добија префект е и Атика, поширокиот регион на Атина, каде што Јоргос Патулис од Нова демократија доби 65,79 отсто од гласовите, а кандидатката од СИРИЗА, Рена Дуру која вторпат се кандидираше за втор мандат освои 34,21 проценти.

На гласањето за градоначалници, во Атина, убедливо победи Костас Бакојанис од Нова демократија со 65,25 отсто наспроти Насос Илиопулос од СИРИЗА кој доби 34,75 проценти од гласовите.

Во општина Солун, иако Константинос Зервас во првиот круг се бореше за второто место и влез во вториот круг, вчера донесе пресврт и го победи противкандидатот од Нова демократија, Никос Тахаиос, со разлика од над 33 проценти.

Во вториот круг од локалните избори е регистрирана и ниска излезност. За избор на градоначалници гласале 44,83 отсто, а за избор на префекти 41,89 проценти наспроти 59,02 отсто, односно 58,43 проценти во првиот круг.

Доцна синоќа грчкиот премиер ги посети предизборните штандови на СИРИЗА на плоштадот Синтагма во придружба на кандидатите за префект на Атика и градоначачник на Атина, Рена Дуру и Насос Илиопулос. Алексис Ципрас рече дека сега ги обединуваат силите за „битката над битките, што се националните избори“.

Нашите кандидати водеа битка на политичка култура, ги одбранија нашите идеи и ставови со динамика, одлучност и достоинство. Во политиката, како и во животот, многу е важно да се знаеш да победуваш, но да знаеш и да губиш, а најважно од сѐ е повторно да се исправиш и да се бориш, рече грчкиот премиер и им честита на победниците и од СИРИЗА и од другите партии.

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изјави дека му е особено драго што во 12 од 13 периферии доминираа кандидатите од неговата партија, а „мапата на Грција се обои во сино, што во конкретниот случај синото не е само бојата на партијата туку и бојата на татковината“.

– Резултатот од европските избори предизвика голема политичка промена. За пет седмици доаѓаат клучни парламентарни избори. Тогаш, сите заедно ќе одлучуваме за иднината на земјата. И повторно ќе бидам во првите редови за умерена, цивилизирана предизборна битка. Со вистини, со план, со аргументи. Повторно ќе ја поминам цела Грција. Од град во град, од село во село. Водач ќе бидат нашите конкретни заложби за развој, работа, повеќе работни места, пониски даноци, за поефикасна држава. Така, надежта ќе стане реалност. За нова светла Грција, која сите ја посакуваме. И во која има место за сите Гркинки и за сите Грци, посочи Мицотакис.

Грците вчера гласаа во вториот круг од локалните избори, но со вниманието насочено на предвремените парламентарни избори следниот месец.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.