Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО:„Слобода е кога самата одлучуваш“-кампања на ХЕРА за Законот за абортус

0
By Нова ТВ on June 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 3, 2019 14:30
 ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување од денеска ја почнува кампњата„Слобода е кога самата одлучуваш“ за да ја подигне свеста за придобивките што ги носи неодамна усвоениот Закон за прекинување на бременоста.
Преку аниминирани видеа на социјалните мрежи и информативни постери кои што ќе бидат дистрибуирани во јавни и приватни здравствени установи низ земјата, кампањата ќе информира за позитивните законски промени кои во споредба со претходниот закон, но и со последните случувања во регионот и пошироко, значително ја унапредуваат репродуктивната слобода кај нас.
Со укинувањето на пристрасното советување и на тридневното чекање, кои досега беа задолжителни и токму затоа понекогаш и животозагрозувачки, добросостојбата на жената повторно е на прво место, се вели во сопштението од ХЕРА.

Новиот Закон предвидува воведување на медикаментозниот абортус (те. абортус со лекови) како уште една безбедна опција за прекинување на раната бременост и тоа не само во болниците туку и во соодветно опремените гинеколошки ординации на примарно ниво, со што ќе се зголеми пристапноста до оваа здравствена услуга низ целата земја.

Со поместувањето на Првостепената комисија, одлуката за абортус до 22-та недела од бременоста ќе биде исклучиво одлука на жената која повеќе нема ниту да мора да прибира документи од надлежните институции во случај на неочекувани социјално-економски околности или кога бременоста е последица на сексуално насилство.

Доследното спроведување на Законот за прекинување на бременоста, во чие изготвување учествуваше и ХЕРА како една од претставничките на Платформата за родова еднаквост, подразбира и подготовка на клиничко упатство за безбеден абортус, вклучувајќи го и медикаментозниот абортус, како и регистрирање на лековите за медикаментозен абортус.

Само со обезбедување квалитетна и достапна абортусна грижа ќе се намали стапката на нелегални абортуси, а репродуктивниот живот на жените, мажите и семејствата ќе стане безбеден и слободен.

Од ХЕРА велат дека се залагаат за поголема рамноправност на жените во секоја област на општественото живеење.

„Ние веруваме дека секоја жена треба слободно да одлучува за своето тело. Жената треба слободно да ги донесува сите одлуки во својот живот, вклучително и одлуката дали и кога ќе основа семејство и колку деца ќе има. Истото важи и кога е бремена. Бремената жена најдобро знае низ што минува, со какви предизвици се соочува и што е во најдобар интерес за неа и за нејзиното семејство – особено доколку во текот на бременоста се појават медицински или социјални проблеми. Со или без партнер, таа самата знае што е најдобро за нејзиното здравје и само таа може да донесе одлука за својата добросостојба. Притоа, поддршката од нејзиниот лекар е секогаш добредојдена и корисна.“, велат од ХЕРА.

Од оваа Асоцијација посочуваат и како медиумите да известуваат за абортусот. Од таму потенцираат дека треба да се користат точни информации со статистички показатели и со здравствените податоци во државата.

Фотографиите кои се користат  во прилозите и текстовите за абортус  да бидат одраз на јавно-здравствената состојба во државата или на политиките и кампањите кои се водат од организациите и поединците кои се залагаат абортусот да биде безбеден и пристапен за жените (активисти, здравствени работници, пратеници).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.