Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владина делегација на средби во Брисел во очекување на датум за старт на преговорите

0
By Нова ТВ on June 4, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: Профимедиа/АФП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 4, 2019 09:02

Премиерот Зоран Заев денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Брисел каде ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, комесарот Јоханес Хан и со потпретседателката на ЕК, Федерика Могерини, јави МИА од Брисел.

 Заев со Јункер ќе разговара за последниот извештај на Европската Комисија напредокот на земјава, во кој се препорачува брзо и безусловно отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Тие ќе разговараат и за претстојната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ, кои треба да ја донесат конечната одлука за стартот на преговорите.

Македонската страна од шефот на Европската Комисија ќе бара недвосмислена поддршка и помош за добивањето датум за преговори во јуни или јули. Владата смета дека е важно земјата да го започне процесот во најбрз можен рок, идеално заедно со Албанија, но доколку тоа е невозможно, македонската страна смета дека земјата не треба да биде заложник на групен пристап од страна на ЕУ.

Премиерот потоа ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Владината делегација вечер ќе учествува на прием организиран од нашата мисија во ЕУ со македонски иселеници вработени во европски и белгиски институции и организации.

Утре премиерот Зоран Заев ќе учествува на конференција организирана од Европската банка за реконструкција и развој, ЕБРД, посветена на реформите и европската интеграција, заедно со министерот Кочо Анѓушев.

Во владината делегација учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, како и министрите за одбрана, Радмила Шеќеринска, за надворешни работи Никола Димитров и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.