Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ предизвика реакција од Амбасадата на САД во Белград, откако во јавноста објави фотографија на која држи банкнота од 100 долари на која испишал „Косово е Србија“ и се потпишал.
-Наместо што уништува банкнота со ликот на големиот американски научник и државник Бенџамин Френклин, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ би можел да размисли за неговата изјава: „Биди во војна со своите пороци, во мир со своите соседи“, се наведува во реакцијата на Амбасадата на САД во Белград за Радио Слободна Европа.
Дачиќ за српскиот дневен весник Блиц изјавил дека не гледа ништо спорно.
-Тоа е наша државна политика, тоа постојано го кажувам, па зошто и да не го напишам, рекол Дачиќ, додавајќи дека парите не се негови и дека ваквата постапка нема врска со САД, иако е напишано на долари.
Тој уште вели дека ваква порака би испишал на секоја банкнота на земја која го тврди спротивното од оваа негова изјава.
Според РСЕ, постапката на Дачиќ е дел од интернет предвизик што започнал со изјавата на српската прмеиерка Ана Брнабиќ, која зборувајќи за косовските лидери рече дека има работа со „луѓе кои излегле од шума“.
Српските ѓраѓани на Интернет започнаа акција #LiterallyJustEmergedFromTheWoods, во рамки на која се поставуваат фотографии на природа или шуми, алудирајќи на својот дом, со пораки за своите достигнувања имајќи предвид дека „доаѓаат од шума“.
Но, неколку дена потоа, сопственикот на белградската кафеана „Павле Корчагин“ ги повикал своите следачи, на банкноти на долари и ерва од помали апоени да ја испишат пораката „Косово е Србија“ и фотографијата да ја објават на социјалните мрежи.
Акцијата набрзо се прошири, а покрај на долари и на евра, пораки се испишуваат и на банкноти во Австралија, Данска, Саудиска Арабија, велика Британија, Сејшели и други земји, па започнал и натпревар кој ќе испише ваква порака на банкнота со што поголеми апоени.
Косовските граѓани на ова возвратија со контра акција на социјалните мрежи, испишувајќи ја пораката „Косово е Косово“на банкноти меѓу кои има и српски динари.
Откако пристигнале голем број пријави за фотографиите со „Косово е Србија“ на банкноти што биле поставени на Инстаграм профилот на кафеаната, профилот бил и привремено блокиран. Администраторијата најавија дека од вчера престанале со објавување на вакви фотографии.
Уништување банкноти е казниво дело во САД и за тоа се предвидени парична казна или казна затвор до 6 месеци, во случај целта да е тие пари да се направат неподобни за користење.
Во Србија ова не е прекршок, но оштетените банкноти се сметаат за неупотребливи.
-Кога на банкнота е воочлива додадена слика или букви, или на неа се нанесени или напишани бројки и други знаци, таа се смета за неподобна за промет, се наведува на сајтот на Народната банка на Србија.






