НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Узунов: Со новиот буџет ќе растат задолжувањата, казните и трошењето

0
By Нова ТВ on November 11, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Наспроти кажувањата на владата дека догодина ќе настапи подобрување во економијата, според Предлог буџетот за 2014 година, единствените три нешта коишто навистина ќе продолжат да растат се: задолжувањето, бројот на прекршочни казни и раскалашеното трошење на власта, изјави на денешната прес-конференција Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Според него исто како и во 2012 и 2013 година, ќе продолжат да опаѓаат реалните плати, односно ќе опаѓа куповната моќ на населението. Тоа е, накратко, целата прикаска за буџетот за 2014 година, смета Узинов.

Како што објасни тој согласно податоците во Предлог буџетот за 2014 година, оваа влада нема никаква намера да се откаже од само за неа „идеалниот“ економски модел на владеење.

Узунов посочи неколку аспекти од Предлог буџетот за 2014 година кои, според него, го доведуваат во прашање кредибилитетот на оваа власт во делот на економските предвидувања и проекциите кои се од исклучителна важност за движењето на целата македонска економија. Ви ги пренесуваме во целост:

1. Буџет на апатија

Предлог буџетот за 2014 година се темели на претпоставката дека растот на македонската економија во 2014 година ќе изнесува 3,2%. Преведено, тоа значи дека граѓаните и фирмите не треба да имаат позитивни очекувања за идната година, односно дека ќе биде нешто слично на 2013. Еве зошто го говориме тоа:

Правилото во економијата вели: реалната стапка на пораст = номиналната стапка минус инфлација. Ако е тоа така, тогаш: дали предвидениот пораст на БДП (од 3,2%) е реална или номинална стапка на пораст? Не е сеедно бидејќи, ако 3,2 е реална стапка, при инфлација од 3,3%, номиналната стапка на пораст на БДП треба да изнесува 5,5%. Но, тоа владата не го кажува. А ако стапката од 3,2% е номинална стапка, тогаш реалната ќе изнесува минус 0,1%!! Значи – апатија.

Понатаму, предвидената номинална стапка на пораст на просечната плата во висина од 2,4%, при предвидена инфлација од 3,3%, значи дека реалната стапка на пораст на платите – таа е онаа која го определува вистинското зголемување на куповната моќ на населението – ќе изнесува минус 0,9%!. Тоа значи дека е проектирано (натамошно) осиромашување на граѓаните!

2. Буџет базиран на несигурни претпоставки

Предвидената стапка на пораст на БДП од 3,2%, владата ја темели на претпоставката дека „Еврозоната ќе оствари позитивни стапки на раст…“. Притоа, во Предлог буџетот владата воопшто не ја искажува во бројки предвидената стапка на раст во Еврозоната – колкав ќе биде тој раст?

Народната банка на РМ, во својот последен извештај, за догодина предвидува пораст на странската побарувачка, што е истото со позитивни стапки на раст во Еврозоната. Но, во ова предвидување на Народна банка се зборува за пораст под 1%.

Е сега, не е прашањето зошто Народна банка наведува, а владата не наведува колкав ќе биде тој раст. Клучно е дека прогнозата на владата дека македонската економија ќе има пораст од 3.2 проценти заради економски пораст на Еврозоната е многу несигурна основа за да се проектира стапката на пораст на Македонија.

3. Буџет на апсурдни проекции и нереални предвидувања

Овој недостаток може да се забележи и кај други предвидувања. За догодина на пример владата предвидува пораст на индустриското производство за 3,8%, повторно заради предвидениот пораст на странската побарувачка. Но, ни тука не постои јасна поврзаност, повторно само „предвидување од око“.

За земјоделието се предвидува раст од 3%, но кај земјоделието се предвидува пораст и на субвенциите. Така, се појавуваат два апсурди. Првиот апсурд, без било каква анализа на ефикасноста на досегашното субвенционирање на земјоделието, паушално се планира пораст на субвенциите (станува збор за непродуктивно трошење);

И второ, тоа значи земјоделието, дури и со огромни субвенции, ќе расте помалку од индустриското производство? Која проекција на владата е погрешна? И двете?

Градежништвото треба да има највисок раст од 5%, врз основа на инвестиции во инфраструктурата и во Технолошко индустриските разавојни зони. Минатата година предвидувањето на владата беше 3,5% раст, базирано на инвестициите во проектот „Скопје 2014“. Дали може да се заклучи дека овогодишната проектирана стапка на пораст на градежништвото е паушална? Бидејќи, ја нема основата, нема на повидок зделки за извоз на градежни услуги во странство; населението нема (и ќе нема) платежно способна побарувачка; стопанството нема кондиција за поголеми инвестиции во градежни објекти.

За догодина се предвидува пораст на извозот на стоки и услуги со стапка од 6,2%, и тоа исклучиво заради проширување на постоечките капацитети во ТИРЗ-овите, и пораст на увозот за 5.6%. Тоа е потополно нереално предвидување, заради увозната зависност на извозот. Ако извозот навистина расте, заради неговата производна структура, увозот ќе расте уште побрзо. Тоа исто така значи дека, ако во наредната година расте извозот, и дефицитот на надворешно-трговскиот биланс ќе биде повисок, а тоа треба да се има во предвид при проекциите.

Конечно, како многу битен создавач на предвидениот раст за наредната година се сметаат и бруто инвестициите, за кои се очекува да растат со стапка од 7,5%. Притоа, соодветен придонес за тоа треба да дадат и јавните капитални инвестиции и приватните инвестиции, посебно во ТИРЗ-овите. Но, како ќе растат домашните приватни инвестиции доволно повеќе од оваа година, за да се постигне тој предвиден раст? Како, кога фирмите се истоштени, немаат сопствени средства за инвестиции? Како кога може да се очекува само умерен пораст на побарувачката за македонски производи од странство?

Значи, како потенцијални остануваат уште јавните капитални инвестиции, од буџетот, но за тоа ќе зборуваме понатаму.

4. Буџет без проекција за странските инвестиции

Во однос на проекциите во Предлог буџетот за 2014 година, за наредната година владата нема проекција на порастот на странските директни инвестиции изразена со бројки!! Содржано е само вербално наговестување дека, наводно, се очекува пораст на странските инвестиции…

После толку пари потрошени по „road-shows“, ова е вистински срам за владата на Груевски и Ставревски. Особено бидејќи сме сведоци на постојани фалби од страна на власта за инвестиции во најава, за транспарентна и отчетна влада. Па каде се тие најавени инвестиции во проекцијата? И каде е транспарентноста?

Исто така, дали тоа отсуство на бројки значи дека владата, после упорно промашување во проекциите на странските директни инвестиции, сега одлучила дека нема да се срами да проектира? Ако е така, тогаш станува збор за целосно отсуство на кредибилитет на владата – а тоа е чисто политикантство!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.