Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наскоро почнуваат демократските дебати за избор на претседателски кандидат, Шулц најверојатно отстапува

0
By Нова ТВ on June 8, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 8, 2019 16:21

За помалку од три недели започнуваат демократските дебати во САД, прв важен чекор во изборот на претседателски кандидат од страна на Демократската партија, но трката за Хауард Шулц, поранешен директор и основач на „Старбакс“, најверојано заврши.

Во моментов, повеќе од 20 демократи се борат за номинација.

Ги има од сите делови на политичкиот спектар. Од умерени, па дури и радикални центристи, блиски на републиканската идеологија, па до поизразени левичари, кои бараат воведување на социјални програми во САД како бeсплатно здравствo и високо образование, и најавуваат храбри планови за запирање на глобалното затоплување со користење на обновлива енергија.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, неделава истекува крајниот рок од предизборната трка за пријавување на демократски кандидати кои ќе учествуваат во партиските дебати. Првите ќе се одржат на 26 и 27 јуни, а има вкупно 12 дебати кои еднаш или двапати месечно ќе се одржуваат се до април 2020 година.

Инаку, за некој да добие „билет“ за влез во овие дебати, мора да прикаже две работи: дека има рејтинг од најмалку еден отсто во три анкети одобрени од Демократската национална конвенција (ДНЦ) или да прикаже дека примил парични спонзорства од 65 илјади луѓе од 20 различни сојузни држави, од кои барем 200 спонзорства треба да доаѓаат од една сојузна држава.

Од досегашните кандидати, тринаесет ги имаат исполнето овие услови. Најпопуларните помеѓу нив се Џо Бајден, Берни Сандерс, Пит Бутиџич, Елизабет Ворен, Камала Харис, Бето О’Рурк, Кори Букер, Ејми Клобучер и Хулиан Кастро.

Од сите кандидатури, рејтинзите се во полза на Бајден, поранешен потпретседател и умерен центрист, и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, независен левичар, кој има силна поддршка во базата на помладата генерација на демократски ориентираното членство.

Во меѓувреме, Шулц наверојано ја напушта трката, јави синоќа „Фокс Њуз“.

Се наведува дека многумина демократски првенци ја критикувале неговата одлука, која ја објави во јануари, да се кандидира како независен, бидејќи со тоа би му помогнал на претседателот Доналд Трамп да победи на изборите во 2020 година.

Имаше дури и протести од страна на демократските поддржувачи кои беа незадоволни од тоа што еден милјардер може да дојде на местото на друг милијардер во Белата куќа.

После ова, кампањатa на Шулц најверојано запре, наведува ТВ каналот. Последната активност беше посетата на граничен премин во Аризона во април. Соопштенија на Твитер веќе не се појавуваат а последниот Фејсбук статус на неговата кампања беше при крајот на април.

Се наведува дека тишината од страна на Шулц коинцидира со почетокот на кампањата на Бајден.

Бајден е умерен центрист и поради сличноста на негоите политички погледи со Шулц, директорот на Старбакс можеби ќе отстапи.

Од извори блиски на Шулц се дознава дека тој ќе донесе конечна одлука до крајот на летото, после летните дебатите кога ќе се знае кои од главните претенденти остануваат во трката за номинација на претседалски кандидат кој би можел да му парира на Трамп во ноември 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.