НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манифестација „Запознај ја Преспа“, запознај ја нејзината традиција, храна и убавини

0
By Нова ТВ on June 9, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 15 и 16 јуни во Преспанскиот Регион ќе се одржи манифестацијата „Запознај ја Преспа“ чија цел е да ги прикаже традицијата и убавините на овој регион и да го стави на  место какво што заслужува на туристичката мапа.

Во рамки на манифестацијата се планирани дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“, од делот на регионот од земјава, но и од соседните Албанија и Грција, презентација на локални органски производи и локални производи од јаболко, турнир во одбојка на плажа, фолклорни танци, игри и забави за најмладите, а во рамки на манифестацијата ќе се одржи и познатата велосипедска трка „Tour de Galicica“, како и планинарска тура.

Планирано е и одржување панел-дискусија на која ќе учествуваат и млади од Грција и Албанија, а ќе разговараат за европските придобивки за регионот Преспа – искуства и можности.

Живко Гошаревски, градоначалникот на општина Ресен, која е една од организаторите, рече дека оваа година сакаат да го означат почетокот на летото и на туристичката сезона во Преспа, да привлечат поголем број гости прикажувајќи го сето она што го нуди овој регион.

-Ова  е еден вид промоција во која вклучуваме повеќе настани, како што е посета на фармата Spirit of Prespa“,  потоа организација на туристички саем или промотивен панаѓур на производи на храна на фирмите кои опстојуваат во овој регион, презентација на нашиот фолклор, на нашата традиција, рече градоначалникот.

Тој додаде дека со оглед на тоа што регионот, меѓудругото, станал познат и по потпишувањето на Преспанскиот договор, на 15 јуни ќе биде организирана панел-дискусија на која ќе се дискутира за регионот Преспа.

– Ние сме специфичен регион, предел на тромеѓе меѓу нашата земја, Албанија и Грција. Затоа ќе бидат вклучени млади од земјава и од овие две соседни земји, претставници на невладини и граѓански организации, кои ќе разговараат за иднината на младите во Преспанскиот Регион, но и за тоа што би значело членството во ЕУ за него и земјата воопшто, рече Гошаревски.

Градоначалникот на Ресен информираше дека целиот настан ќе биде заокружен со голем концерт во кој ќе бидат вклучени македонски, грчки и албански бендови.

Манифестацијата, рече Гошаревски, се одржува првпат, додавајќи дека очекува таа да прерасне во традиционална и секогаш да се одржува на почетокот на туристичката сезона.

Ана Лабор, претставник на фармата „Spirit of Prespa“, која е координатор на настанот што на 16 јуни ќе  се одржи на плажата „Дупени бич“, вели дека станува збор за еден мини туристички саем или панаѓур во чии рамки ќе бидат прикажани што е можно повеќе традиционални работи кои се карактеристични за Преспа.

-Застапени ќе бидат „Руралните жени од Преспа“, здружение во кое членуваат 15 жени од македонска, турска и албанска националност, кои ќе бидат на плажата каде ќе приготвуваат традиционални јадења и ќе ги презентираат пред гостите. Ќе бидат поставени и штандови на кои ќе бидат презентирани локални органски производи, како и производи од јаболко што ги прават земјоделците од Преспа, рече таа.

На презентацијата на преспанската храна, ќе има гости од преспанскиот дел на Албанија и Грција, жени кои се партнерски здруженија на здружението од Преспа кои ќе донесат нивни традиционални јадења и ќе ги изложат пред гостите.

-Сакаме да ја ставиме Преспа на туристичката мапа на место кое и доликува, а останатите кои ќе дојдат да можат да ја почувствуваат онака како што ја чувствуваме ние, вели Лабор.

Настаните на манифестацијата ќе се одржат на неколку локации во Преспа. Организатори се Општина Ресен, „Рурални жени“, „Prespa Bike“, во партнерство со Агенција за млади и спорт, „Spirit of Prespa“ и „Преспа“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.