Добро е, кога ВМРО-ДПМНЕ се повикува на проценките на ММФ, да ги има предвид и анализите на Меѓународниот монетарен фонд за буџеткиот дефицит и неговата (не)одржливост, нешто на што постојано укажува и СДСМ.
„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ги објаснат новите задолжувања и луксузирањата што ги продолжуваат и со Буџетот за 2014-та година, опаѓањето на реалните плати и куповната моќ, нереалните предвидувања за индустриското производство, градежништвото, земјоделството, како и немањето конкретна проекција на странските директни инвестиции“, смета СДСМ.
Навредливите квалификации во реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се израз на немоќ на Никола Груевски и владеачката партија, кои во 8 годишното владеење донесоа најголем дел од граѓаните на раб на нивната егзистенција.