Албанскиот претседател Илир Мета попладнево во 16:00 часот ќе го има второто обраќање за само два дена,објавија од неговиот кабнет веднаш по информацијата дека барањето за импичмент на дневен ред на парламент ќе биде в четврток.
Во вчерашното прво обраќање Мета ги наведе причините за одложување на локалните избори врз основа на неговите уставни надлежност.
-Во тензичка политичка ситуација,без подготвеност од двете страни да се седне за надминување на недоразбрањата, одлуката што ја донесов за одложување на локалните избори е единствен начин да се избегне евентуална есклација на состојабата на земјата,која би можела да прерасне во граѓански конфлкт и начин да се најде решение за излез од кризата,рече меѓу другото шефот на државата.
Во меѓувреме тој на фејсбук објави дека примил група студенти од „албанските простори“ и наведува дека им ветил дека Уставот „ќе го брани со смиреност, достоинствено и со душа“.
Попладнево во Брисел ќе престојува премерот Еди Рама,кој во 17:00 часот ќе сретне со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Потоа следува средба со претседателот на Советот на Европа,Доналд Туск како и со претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер.
Барањето за импичмент за Мета е договорено денеска на средбата на спикерот на Парламентот Грамоз Ручи со координаторите на пратеничките групи. Расправата ќе трае пет часа и времето ќе биде пропорционално распределено меѓу парламентарните групи,при што најмногу време ќе се даде на парламентарната група на Социјалистичката партија.
По завршување на дебатата ќе биде усвоена Нацрт-Резолуција за причините за барањето за разрешување на шефот на државата.
Како што се дознава во Нацрт-Резолуцијата ,меѓу другото стои дека албанскиот парламент уредбата на претседателот Мета за одлагање на локаланите избори ја смета за „апсолутно неважечки чин, донесен вон уставните и законските овластувања на институцијата претседател и како таков се смета за ништовен и како никогаш да не постоел“.
Исто така се искажува целосна поддршка на одлуката на Централната изборна комисија за продолжување на изборниот процес.




