НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еко свест: Новиот закон за урбанистичко планирање закана за природните подрачја

0
By Нова ТВ on June 11, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“ смета дека новиот закон за урбанистичко планирање, за кој вчера во Собранието се одржа втора јавна расправа, е закана за природните подрачја во државава. Бара пратениците да не гласаат за него, а Министерството за транспорт и врски како надлежно да ги земе во предвид укажувањата за недостатоците и да подготви соодветни измени.

Според „Еко свест“, дел од посериозните проблеми на новиот закон, како што велат, е тоа што големите и малите хидроенергетски проекти и рудниците се прогласени како подрачја и градби од државно значење, како и тоа што е намалена можноста за учество на јавноста во урбанистичкото планирање.

– Во законот мора да биде јасно определена моќноста на овие хидроенергетски проекти, не може мали хидроелектрани да бидат градби од државно значење. Исто така, сметам дека е недозволиво во законот да пишува и „други видови подрачја и градби од државно значење“. Ова остава простор за толкување по потреба и манипулација и не смее да се дозволи. Потребно е дообјаснување и дури и такстивно набројување кои се тие други подрачја, истакна Давор Пехчевски од „Еко-свест“ на втората јавна расправа за  новиот закон за урбанистичко планирање по која ќе следи амандманска расправа наредната недела.

Според Пехчевски,  во ставот 4 точка 1 од овој закон се овозможува изградба на инфраструктурни проекти во зони за одржливо користење, а со Законот за природа тоа е забрането.  – Членови од законот се во колизија и со постоечкиот закон за урбано зеленило. Повторно гледаме колизија на закони кога станува збор за заштита на природата и неодржлив економски развој за повеќе профит. Навистина не ни е јасно како во момент кога треба да го отвориме Поглавје 27 ние правиме се спротивно од препораките на ЕУ, наведува Пехчевски.

Тој дополнува дека е нелогично да се скрати учеството на јавноста во изработување на урбанистички планови за големи инфраструктурни проекти како рудници, хидроелектрани и патишта коишто скоро неизбежно се поврзани со влијанија врз природно и културно наследство, зафаќање на земјоделски и други приватни површини, па дури и присилно раселување на население.

-Овој закон е само еден од низата кои имаат моќ да обезбедат одржлив развој на земјата, подобрен квалитет на живот во градот, заштита на здравјето на граѓаните и се ова во насока на ублажување на климатските промени, а сепак тоа не го прави. Бараме од пратениците во собранието како избрани претставници на граѓаните да не го дадат својот глас за закон кој ги има сите погоре наброени недостатоци. И бараме од Министерството за транспорт и врски како надлежно за овој закон сериозно да ги земе во предвид овие недостатоци и да ги направи потребните измени, велат од „Еко свест“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.