Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ низ Србија ќе започне за помалку од две недели, односно на 24. овој месец, изјави српскиот премир Ивица Дачиќ по состанокот со директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер.
Во влдиното соопштение се наведува дека вредноста на овој гасовод се проценува на 1,7 милијарди евра, а голем дел од работите ќе ги изведуваат српски фирми.
Еден крак од гасоводот ќе оди кон Македонија, еден кон Република Српска, а според планот еден крак ќе транспортира гас и на Косово.
Македонија во јули годинава го потпиша договорот со Руската Федерација за да биде дел од овој проект. Договорот предвидува зголемување на количествата гас од сегашните 800 илјади кубни метри на 2,5-3 милијарди кубни метри, што секако ќе ги задоволи потребите на земјава за овој енергент долгорочно до 2040 година.
Планирано е „Јужен тек“ да биде пуштен во функција во 2016 година, а ќе има капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно.
Фото:Fonet