НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совршеното божје чедо, инквизиторот Отец Пимен

0
By Биљана Секуловска on June 15, 2019 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Некаков перформанс во име на слободите на сексуалната определба, дело на некаков уметник, во некој музеј во оваа светска, блескава метропола, ги повредил чувствата христијански, без да се има осет и познавање на границите.

Се работи за делото “Акефално чудовиште”, на Рон Ејти, во Музејот на современа уметност, од кое се згрози мнозинството на овој чесен, страдалнички народ, кој, како што вели блажениот Отец Пимен “мислите дека мнозинството треба се да трпи, да ви простува и дозволува”.

Сосема се согласувам со пресветлиот Пимен, кој им порачува “гордејте се бре луѓе по парадите ако сакате, верувајте си дека има на што да сте горди, ама малку осет имајте”.

Не, оваа настрана и изродничка каста нема никаков осет, а во неа, о, мили боже прости ми, но и јас спаѓам, затоа што секогаш кога тоа мнозинство што не трпи оди десно, јас гледам лево да тргнам, со трчање без здив, се само да не ни се сретнат патиштата, да не проструи воздухот, да не се познаваме е најдобро.

Ние проклетијата ја наведнуваме покорно сите главата, додека не паднеме сосема пред колената на мнозинството, нека не измачуваат и гонат, нека не презираат и линчуваат, нека им ги благословува Пимен коментарите на неговите следбеници, нека ги чува и негува, нека живее со нив, додека не дојде време за вечните времиња и ловишта, кога доаѓа времето за мирно последно затворање на очите, за да не се гледаме никогаш повеќе.

Којзнае колку ужива згрозениот Пимен во сопствениот револт и аплаузот кој го собира од христијанските чеда кои пред него говорат за: северната педерлана, господи помилуј,  Јуди, пу, пу, срамота, они не се свесни колку се болни, еее, Отец Пимен, веке како малку да фали инквизицијата, ова е план за уништување на христијанските вредности и на белата раса и не е од сега, господ нека им е напомош, ако воопшто го побараат, ќотек воспитен за нив, сатанисти сите во пеколот се, да ти се згади од човечкиот род заради нив, ЛГБТ- деца на ѓаволот, ова не е Слобода, ова е сериозна умствена болест.

Ви велам, се е тоа така како што е веќе напишано и забележано, затоа што оваа инквизаторска приказна трае со векови, сега веќе никој не се ни сеќава на почетокот, но сигурни сме барем засега дека  нема изгледи за крај. И се додека е тоа така, горди сме и одвај чекаме да се видиме на Парадата на гордоста овој 29 јуни, сите ние, најсреќните изроди што не сме дел, ниту пак некогаш ќе бидеме, од совршените божји чеда.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.