Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема предвремени избори, ќе има реконструкција

0
By Нова ТВ on June 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 17, 2019 08:58

Реконструкција на Владата, со смена на осум министри, како и директори на дваесетина државни и јавни претпријатија, наместо предвремени парламентарни избори, најави премиерот Зоран Заев, по вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

Имињата на новите министри ќе бида познати до крајот на неделава, реконструкцијата формално би завршила до крајот на месецов, а предвремени избори нема да има затоа што датумот за почеток на преговори со ЕУ е извесен. Иако датумот се очекуваше овој месец, сепак поради одложувањето на расправата во германскиот Бундестаг за извештајот на ЕК, за септември, сега тој се очекува најдоцна до октомври. 

Заев рече дека е потребно Владата да го истера мандатот докрај за да се фокусира на интегративните процеси на земјава – членството во НАТО, за што Протоколот веќе е ратификуван од 17 земји-членки и се очекува да се официјализира до крајот на годината или најдоцна почетокот на следната и датумот за преговори со Унијата.

Заев вчера од Охрид појасни дека првичниот концепт за реконструкција на Владата, кој не исклучуваше можност за предвремени избори или враќање на мандатот, бил насочен кон државите–членки на ЕУ дека се должни да испорачаат датум за преговори.

–  Потребата од предвремени избори беше возможна ако треба на ЕУ да и докажеме дека треба да испорача до Република Северна Македонија, не кон некоја политичка партија. Ставот наш е дека треба да се тера цел мандат, кога доаѓа до реализација на стратешки определби како што е датум за преговори или членство во НАТО. Тогаш ги ставаме сите алатки на располагање…за да може земјата да продолжи покрај европскиот и по економскиот пат, рече тој.

Истакна дека нема да се дозволи повторно враќање на радикализмот, популизмот, национализмот во државата, повторни поделби во општеството, кавги со соседите.

–  Целта ја исполнивме и се враќаме кон реконструкцијата. Прво ќе има реконструкција на не повеќе од осум министерски позиции, изјави Заев, додавајќи дека меѓу нив има и од редовите на ДУИ.

Тој рече дека ќе се заблагодари на директори повеќе од дваесет државни јавни институции, процес што ќе се одвива паралелно со реконструкцијата на Владата.

Владата треба да остане за стабилност на земјата

Дека Владата треба да остане и до крај да го сработи мандатот вчера изјави и германскиот амбасадор Томас Герберих, кој заедно со неговиот француски колега присуствуваа на манифестацијата „Запознај ја Преспа“ во чест на годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Герберих во однос на тоа дали ќе има политичка криза доколку земјата не добие датум за преговори изрази мислење дека премиерот Зоран Заев нема да даде оставка, оценувајќи дека во изминатите две години сработил добра работа.

– За стабилност на земјата потребно е да остане оваа Влада и да не се планираат нови избори, оцени Герберих.

Нов ИО на СДСМ

Промени вчера имаше и во Извршниот одбор на СДСМ. На седницата на Централниот одбор беше избран новиот Извршен одбор на партијата, во чиј состав влегоа Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Констадинов, Есрас Алихи, Ѓоко Танасоски, Весна Ѓершан, Васко Талевски, Тања Стојановска-Иванова, Драган Тевдовски, Љатифа Шиковска, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.

За организациски секретар е избран Душко Весковски, кој ќе ја напушти функцијата директор на „Водовод“  – Скопје, додека секретар за меѓународна соработка ќе биде Дане Талевски. Директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ е избран Мартин Попов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.