НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блокади на пристапот до Иловица-се бара одземање на концесијата за рудникот

0
By Нова ТВ on June 18, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
ТВ Вис
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Локални жители и активисти денеска од 5 часот повторно се собрани заедно да го блокираат пристапот до рудникот Иловица, каде изминатава недела се вршеа археолошки истражувања, објави Радио МОФ.

-Пријатели, сограѓани, жители од Струмичката околина, вториот ден од блокадите повторно успешен, мирните блокади повторно го спречија ‘Еуромакс’ своеволно да ни ја окупира природата. Уште еднаш срцето и совеста се покажаа повредни од парите – желбата за здравје, сигурен и мирен живот втемелена кај нашите сограѓани излезе во прв план. Јасно им ставивме до знаење дека парите можат да си ги земат со себе и слободно да уживаат со нив некаде далеку од нас, а ние ќе останеме овде и ќе се сладиме на убавината дадена од природата, ќе уживаме во чистиот воздух, ладните сенки на прекрасната Огражден и милозвучниот шум на благородните речни извори-, соопштија денес активистите од Младите на Иловица-Штука против рудникот.

Активисти од граѓански организации заедно со жители од Иловица и Штука со жив ѕид и моторни возила од вчера почнаа со блокади на патот до рудникот „Иловица-Штука“ на планината Огражден.

Граѓанското здружение „Здрава Котлина“ на социјалните мрежи соопшти дека со овој потег „започнува нова фаза“ на нивната борба против актвностите на концесионерот за рудникот „Еуромакс Рисорсис“, кој како што наведуваат, веќе три години оперира со истечена концесија.

-Денес го спроведуваме на дело она што подолго време го зборуваме и за кое предупредуваме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никогаш да има рудник над нашите глави, соопштија од „Здрава Котлина.“

Тие ги предупредуваат „Еуромакс Рисорсис“ да ја разберат пораката и бараат Владата во најскоро време да донесе решение и „согласно законите“ да ја одземе концесијата на компанијата за рудникот.

Од грѓанската организација „Еко-долина“ велат дека сомневањата во објективноста на археолозите од Музејот во Струмица, се поради тоа што дошле да ги прават истражувањата на терен облечени во облека со логото на „Еуромакс Рисорсис“, како и со возила донирани компанијата. Активистите наведуваат дека блокадите нема да престанат додека не и биде одземена „истечената концесија на Еуромакс“.

Активностите продолжуваат утре во 5 часот, а збирно место е браната Иловица.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.