Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Лидерите не мислеа како да добијат избори кога ја формираа ЕУ како вчера нивните наследници

0
By Нова ТВ on June 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 19, 2019 13:20

„Ако носиме одлуки имајќи ги предвид следните избори, тогаш сме во замката на црно-белата слика, а не во духот на боите нацртани пред 62 години. Впрочем, во тоа и е разликата помеѓу политичар и лидер“, кажа пратеникот Артан Груби претседателот на Комисијата за европски прашања, на денешната втора пленарна сесија на НКЕУ- МК која се одржа во МНР.

Груби пред неколку дена во името на сите членови на Комисијата за европски прашања испратил писмо до сите Претседатели на Комисиите за Европски Прашања во парламентите на земијте членки на Унијата.

Во писмото информирал за се што е направено од јуни 2017 година: Постигнат е и ратификуван Преспанскиот Договор, потпишан и ратификуван е добрососедскиот договор со Бугарија,  заокружен е нормативниот дел на Охридскиот мировен договор, „Линконлски“ успешно се промени  Уставот, усвоивме над 60 реформски закони консензуално, оддржавме локални и претседателси избори, референдум и најважно, го сменивме начинот на размислување и делување. Целосно“, напишал Груби.

Груби денеска рече дека сите овие одлуки биле донесени затоа што знаеле дека се неопходни „ иако можеби немаат општа апсолутно поддршка и можат да не чинат избори“.

Тој упати директна порака до Европа – најпрво потсетувајќи дека пред 62 години континентот кој подолго време бил во војна отколку во мир, успеа да го заживеа најголемиот мировен проект во историјата на човештвото – Европската Унија.

„Кога носеа одлука, тогашните лидери беа храбри, миротворци. Одлуката ја носеа имајќи ја одговорноста за постигнување долготраен мир во црно-белиот континент. Не верувам дека размислувале како да ги добијат следните избори.

Два твита врамив во мојата канцеларија. Првиот е на Комесарот Јоханес Хан, а вториот е  на Генералниот Секретар на НАТО Столтенберг. Двајцата ќе заклучат дека мојата земја ги има имплементирано сите барања на Брисел, дури и ги има надминато, и затоа недвосмислено заслужува датум. Повторувам, сите услови.

Вчера, наследниците на тие што пред 62 години донесоа храбра визионерска, колоритна одлука во црнобелата историја, ја одложија одлуката.

Ако носиме одлуки имајќи ги предвид следните избори, тогаш сме во замката на црно-белата слика, а не во духот на боите нацртани пред 62 години. Впрочем, во тоа и е разликата помеѓу политичар и лидер“, кажа Груби на конференцијата.

Тој напомена дека државава не бара да дипломира без да ги положи 35 испити, туку „ние бараме термин за да влеземе во училницата, во која што ќе треба константно да учиме за да ги положиме 35-те испити за на крај да дипломираме.

Тој исто така потсети и на минатото кога „поместувањето на целта и наштети на демократијата“.

„Кога политичарите веќе не ја гледаат поместуваната цел, се одвраќаат и си се враќаат кон себеси, како да ги добијат следните избори. Овојпат, убеден сум дека нема да дозволиме да и се наштети на демократијата која што ја изградивме и да се остраниме од патот дури ако целта се поместува повторно“, рече Груби.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.