„Ако носиме одлуки имајќи ги предвид следните избори, тогаш сме во замката на црно-белата слика, а не во духот на боите нацртани пред 62 години. Впрочем, во тоа и е разликата помеѓу политичар и лидер“, кажа пратеникот Артан Груби претседателот на Комисијата за европски прашања, на денешната втора пленарна сесија на НКЕУ- МК која се одржа во МНР.
Груби пред неколку дена во името на сите членови на Комисијата за европски прашања испратил писмо до сите Претседатели на Комисиите за Европски Прашања во парламентите на земијте членки на Унијата.
Во писмото информирал за се што е направено од јуни 2017 година: Постигнат е и ратификуван Преспанскиот Договор, потпишан и ратификуван е добрососедскиот договор со Бугарија, заокружен е нормативниот дел на Охридскиот мировен договор, „Линконлски“ успешно се промени Уставот, усвоивме над 60 реформски закони консензуално, оддржавме локални и претседателси избори, референдум и најважно, го сменивме начинот на размислување и делување. Целосно“, напишал Груби.
Груби денеска рече дека сите овие одлуки биле донесени затоа што знаеле дека се неопходни „ иако можеби немаат општа апсолутно поддршка и можат да не чинат избори“.
Тој упати директна порака до Европа – најпрво потсетувајќи дека пред 62 години континентот кој подолго време бил во војна отколку во мир, успеа да го заживеа најголемиот мировен проект во историјата на човештвото – Европската Унија.
„Кога носеа одлука, тогашните лидери беа храбри, миротворци. Одлуката ја носеа имајќи ја одговорноста за постигнување долготраен мир во црно-белиот континент. Не верувам дека размислувале како да ги добијат следните избори.
Два твита врамив во мојата канцеларија. Првиот е на Комесарот Јоханес Хан, а вториот е на Генералниот Секретар на НАТО Столтенберг. Двајцата ќе заклучат дека мојата земја ги има имплементирано сите барања на Брисел, дури и ги има надминато, и затоа недвосмислено заслужува датум. Повторувам, сите услови.
Вчера, наследниците на тие што пред 62 години донесоа храбра визионерска, колоритна одлука во црнобелата историја, ја одложија одлуката.
Ако носиме одлуки имајќи ги предвид следните избори, тогаш сме во замката на црно-белата слика, а не во духот на боите нацртани пред 62 години. Впрочем, во тоа и е разликата помеѓу политичар и лидер“, кажа Груби на конференцијата.
Тој напомена дека државава не бара да дипломира без да ги положи 35 испити, туку „ние бараме термин за да влеземе во училницата, во која што ќе треба константно да учиме за да ги положиме 35-те испити за на крај да дипломираме.
Тој исто така потсети и на минатото кога „поместувањето на целта и наштети на демократијата“.
„Кога политичарите веќе не ја гледаат поместуваната цел, се одвраќаат и си се враќаат кон себеси, како да ги добијат следните избори. Овојпат, убеден сум дека нема да дозволиме да и се наштети на демократијата која што ја изградивме и да се остраниме од патот дури ако целта се поместува повторно“, рече Груби.




