НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атараксија

0
By Нова ТВ on June 11, 2019 КОЛУМНА
Петар Богојески
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Петар Богојески, докторанд на УКИМ Скопје и активист во ВМРО-ДПМНЕ

Атараксија, духовно спокојство, смирение, живот без страв. Мораме да решиме само уште еден проблем. Што е нашата македонска атараксија? Грците тоа одамна го сториле. Си го имале Епикур, кој под заштита на „нашиот“ Ацо Големиот, слободно си творел и констатирал што ќе им донесе спокој на Грците. Арно ама, до ден-денес, ние Македонците не си најдовме наш Епикур и останавме без нашата атараксија, нашето духовно спокојство. Тогаш Ацо наш не мислел на нас, па да му даде задачка на Епикурко да напише збор два и за нас. Само на Грците мислел. Нас никаде не нè спомнува во тоа писанијата. Е сега немаме друго, мораме сами денес да го завршиме тоа што не го завршил никој до денес.

Цел живот се изнаслушав колку е мудар нашиот македонски народ. Помудар и да нема. Тоа значи само едно. Господ нас нè благословил, а не атињаните. Тие така простички им дал само еден Епикур да ги „атраксира“. На нас, на сите ни го всадил Епикур. Во секој од нас. Секој еден Македонец е Епикур сам за себе. Мудрец. Од таму и таа македонска народна мудрост. Ако е Епикур жив во секој еден од нас, тогаш немаме друго, освен да отвориме широка дискусија за тоа што и како, на крај, ќе нè доведе до состојба на атараксија. Заклучокот ќе биде појак од оној грчкиот. Ова ќе биде народен заклучок. Заклучок над заклучоците.

Ајде да размислиме што ќе ни донесе духовно спокојство на нас Македонците? Како до живот без страв? Јас мислам дека го имам одговорот. Малку е непријатен. Мислам дека Македонците ќе живееме најспокојно, само и само ако ги убиеме сите Македонци. Тоа ќе биде атараксија за нас. Ма каква атараксија. Тоа ќе биде нирвана за нас. Рај на земјата. Македонско-македонски рај, секако тоа, зашто нè има во Библијата, нели? Така, библиски да се истребиме. Тоа ни доаѓа природно. Цело време кон тоа се стремиме, а оние клетите странци, душмани на милата ни Македонија, не нè оставаат на раат да ја свршиме работата. Проклети да се!

Некој умен запишал, Македонец му е Македонец на Македонецот. И со тоа сè кажал. Не се мачел како мене цело писание да прави. Една реченица од три исти збора и сè е кажано. Веројатно тука лежи зајакот зошто живееме во перманентен страв. Страв од „клетите шиптари“, страв од „четирите волци“ на Балканот, страв за името, страв за знамето, страв за јазикот, страв за историјата, страв за јадење, страв за пиење…, а никако да разбереме дека всушност имаме страв од самите себе! Да, да, ние Македонците имаме страв во коски од нас Македонците. Не страв да не случајно некој нè убие. Не! Туку страв да не случајно некој Македонец успее повеќе од мене. Може секој да успее, па макар и душманот, ама да успее Македонец, тоа никако и никогаш. Тоа мора да се спречи. Тоа мора да се растури. Тој поуспешен Македонец мора да „цркне“ и точка. И ова поведение извира од нашата длабока, најдлабока македонска народна мудрост. Тоа е тој скриен Епикур, во секој од нас.

Сега да видиме како поинаку. Можно ли е тој проклет македонски Епикур да се опамети? Ацо Големиот одамна го нема, не може да ни помогне. Мораме сами на себе да си помогнеме. Или, евентуално, да го побараме еден помеѓу нас, еден Итар Пејо, да му кажеме, ти брате си Епикур наш од 21 век, дај кажи што е македонската атараксија? Телесни задоволства?!? Немаме доволно пари за тоа. Па ниту поднебје. Национални интереси?!? Не можеме да се договориме кои се тие. Државни интереси?!? За овие уште помалку ќе се договориме. Кој пат да го фатиме, да се „раатисаме“ малку?!? Да здивнеме! Не знам, ме предаде Епикур во мене. Не ми раѓа мислата, како до македонската атараксија. Ама мислам на општа, генерална состојба во која сите ќе имаме спокој. Никако не мислам на себична, за себе да најдам спокој. Тоа е лесно како грав. Ехеее, тука македонскиот ген ми дава милион мисли. Себично за себе е лесно. Многумина ја напуштија Македонија, заминаа по белиот свет, токму од причина што го разбудиле Епикур во себе, себично само за себе, и заминале да живеат во состојба на духовно спокојство. Многумина останаа да живеат тука во Македонија, но себично, само за себе. Така ако земеме, многумина од нас имаме можности за духовно спокојство и тука, во жална Македонија. Работава е како сите да живееме во таков спокој? Цел македонски народ, нели оној најмудриот на светов.

Викаат сè зависи од чувството на задоволство или болка. Она што е добро е пријатно, она што е лошо е болно. Но тука е дилемата. Кај нас Македонците, болката нè прави среќни!!! Ако немаме причина за болка, сами ќе ја измислиме, само во болка да живееме. Не знаеме да се радуваме. Не знаеме да ѝ се радуваме на државноста. Не знаеме да се радуваме на благосостојбата. Па кога бре луѓе било подобро во Македонија?!? Кога? Во отоманско или во српско? За време војните или во комунизам? Точно, проблеми имаме на куп, ама и пари на куп. Кој за време на длабока светска економска криза, си го разубавува главниот град? Кој? Никој, само ние, зашто имаме богата држава. Оставете на страна тоа, дали е убаво „накитен“ или не Скопје. Тоа е друга дискусија. Нашите политичари ни живеат како „бубрег во лој“. Сè тоа плаќа народот. Значи имаме богат народ. Ако сме сиромашни, од каде ни се тие пари за овие македонски луксузи?!? Значи среќата е тука некаде, покрај нас. Само се разминуваме или не ја гледаме. Нешто е превртено во нашево општество? Нешто е наопаку? Изместени се работиве. Треба да се побараме каде сме и каде сакаме да бидеме.

Мислам дека решението е во нешто ново. Нешто што ќе нè освежи. Нешто што ќе воспостави ред. Нешто што ќе донесе среќа. Што ќе нè направи да знаеме да се носиме со состојба на среќа и задоволство. Нешто што ќе понуди смирение на немирниот македонски дух. Нешто што ќе нè ослободи од страв. Нешто што нема секој ден на ТВ да ни труби дека сме загрозени од секаде, дека се некој нешто ни зема, дека само што не сме нападнати. Нешто си бара времево? Како Епикур да повикува на нешто. Како да вика, абре луѓе има „дерман“ и за Вас, прогледајте малку пошироко, отворете очи, среќата Ви е на дофат. Не си ја бркајте со сила. Ослободени од страв, ќе живеете во спокој. Доста беше мачење. Пеколот на земјава да беше, толку суров немаше да биди, како нашава македонска сага. Си бара состојбава решение. Си бара иницијатива.

„Невозможно е да се живее пријатен живот без да се живее мудро, добро, и праведно, а невозможно е да се живее мудро, добро и праведно без да се живее пријатно“, советува Епикур. Дали ќе најдеме таква мудрост, жед за правичност, за да живееме пријатен живот, ќе видиме следниве пет години. Ако го пропуштиме возот, веројатно ќе бидеме уште една генерација Македонци, кои на Македонците сме им биле, просто Македонци.

*Објавено во Вечер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.