Обединетата албанска опозиција не ја признава одлуката на Изборниот колегиум и останува на ставот дека на 30 јуни нема да има избори. Одлуката на албанската опозиција беше соопштена по средбата што ја свика лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша со лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција.
– Оваа недела ќе кулминира со народни протести. Ова не се избори. Ние не ги признаваме, ова се избори на господинот Рама, ние ќе ја почитуваме уредбата на претседателот Илир Мета која е во сила. На 30 јуни нема да има избори, нашиот отпор ќе биде уште поголем. Овие избори не ги признаваме. На 30-ти нема да се гласа. Опасноста од оваа група е толку голема што го оправдува секој вид отпор, рече Дашамир Шехи од партијата Движење за национален развој..
Изборниот колегиум во Албаниија вчера донесе одлука изборите да се одржат на 30 јуни.




