Албанскиот претседател Илир Мета синоќа упати покана до премиерот Еди Рама и до лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша за средба на која би се разговарало за излез од политичката криза во која се наоѓа земјата.
На поканата позитивно одговори Баша, а Рама наведе дека нема време за разговор бидејќи е зафатен со изборни активности.
-Поради изборната кампања што се одвива според претседателскиот декрет, каде 30 јуни е датумот на избори, мојот кабинет одговори дека нема да можам да приуствувам на оваа средба. Но,бидејќи Илир Мета продолжува да игра игри со писма, еве и написмено: Имаме избори, јас сум зафатен. Избори на 30 јуни,напиша Рама на Твитер.
Веднаш потоа од кабинетот на претседателот му возвратија дека Мета ќе го чека Рама на средба од 5:00 до 13:00 часот.
Поради тоа шефот на државата денеска во својот кабинет прстигнал утрово во пет часот.
Ова е инаку, прва официјална покана која претседателот Мета ја упатува до лидерите на двете најголеми политички партии во земјата




