НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Приведувањето на членови на ВМРО ДПМНЕ е брутален политички напад

0
By Нова ТВ on June 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред судија на претходна постапка се изведени десет осомничени меѓу кои поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром.

Според Обвинителството за организиран криминал тие се осомничени за проневера на околу 2 милиони евра за незаконска продажба на државно земјиште. Обвинителството бара притвор и да им се замрзне имот во висисна на направената штета на вкупно 11 лица, меѓу кои се и петмина вработени во министерството за транспорт и врски, потоа за нотари и вработен во Катастар, како и државниот правобранител на Град Скопје.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски денеска на прес конференција кажа дека ова е 751. истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ .

„Ова е брутален политички напад. Со акцијата, помеѓу другите, лишени се од слобода членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски, како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи и обични службеници. Во акцијата, покрај поранешниот министер, приведени се и 6 жени што работат во разни институции  како обични службенички. Приведени се шест недолжни граѓани на оваа држава – жени, обични службенички што си ја работат својата работа во Катастарот, Министерството, кај нотари и во правобранителството“, изјави Николоски.

Според Николовски, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ бил уапсен затоа што на претходните претседателски избори го поразил СДСМ.

„Дејан Митевски е приведен зашто бил обичен службеник во Министертсвото за транспорт – не бил на никаква раководна пзоиција“ кажа Николовски.

Според Обинителството, приведените лица се  осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените „Шпански скали“ проект кој требаше да биде дел од Скопје 2014.

Договорите за земјиштето биле дополнувани со анекси и покрај тоа што не биле исполнувани условите за тоа.

 

 

обвинителство Шпански скали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.