На вчерашните локални избори во Албанија кои беа бојкотирани од страна на опозицијата, досегашниот градоначалник на Тирана, Ерион Велијај од колицијата ,,Алијанса за европска Албанија,, предводена од Социјалистичката партија го доби вториот мандат.
Во општина Пустец, исто така победи кандидатот на колицијата на Социјалистите , Пали Колефски кој освои 15о5 гласови спроти 859 гласови колку што освои кандидатот на Македонската партија за европска интеграција , досегашниот градоначалник Едмонд Темелко. Во општина Пустец имало и најголема излезеност на изборите, 55,44 насто.
ДИК соопшти дека официјалната излезеност на изборите во Албанија вчера била 21,67 насто од вкупно 3,4 милиони гласачи.
Доцна синоќа премиерот Еди Рама изјави дека станува збор за победа на колицијата за Европска иднина и за иднина. ,, Оваа беа за мене најтешки избори,, рече тој и додаде дека отворен е за дијалог без условувања со опозицијата.
,, Со додека на чело е актуелниот премиер Еди Рама во земјата нема демократски избори“ одговори лидерот на опозицијата Баша.
Изборите во Албанија ги следеа над 18оо домашни и странски наблудувачи . Меѓу нив беа и наблудувачите на ОБСЕ /ОДХИР, кои се очекува денеска да ги објават и првичните оценки за изборите .




