Published: Tuesday, July 2, 2019 19:51
Европските лидери ја номинираа германката Урсула вон дер Лејен за претседателка на Европската комисија, белгискиот премиер Шарл Мишел за лидер на Европскиот совет.
Урсула е родена во Брисел и може да стане првата жена која ќе биде претседателка на Комисијата.
Предлогот за Лејен може да наиде на негодување во Европскиот парламент. За да биде избрана, предлогот мора да биде изгласан од 751 член на Парламентот.
Шпанскиот министер за надворешни работи Јосеф Борел може да стане висок претставник за надворешна политика, додека Кристин Лагард може да застане на чело на Европската централна банка.




