Италијанскиот социјалист Дaвид Сасоли е избран за претседател на Европскиот парламент, по вториот круг на гласање.
Во говорот по изборот, Сасоли зборуваше за “несовршен” сојуз кој има потреба од реформи, повикувајќи ја ЕУ да се потсети на духот на основачите на унијата, кои војување и национализмот го заменија со мир и еднаквост.
„Национализмот не доведува до судири. Политиката мора да ги надмине овие поделби“.
“Треба да го зајакнеме нашиот капацитет да играме водечка улога во демократијата”, рече тој, фокусирајќи се особено на потребата од реформи на системот на ЕУ за барателите на азил.
“Ние не сакаме граѓаните да прашуваа каде е Европа секогаш кога се случува итна ситуација”рече Сасоли.
За него гласаа 345 пратеници. Мандатот на претседателот на ЕП е две и пол години.
Сасоли е поранешен новинар по потекло од Фиренца и пратеник во Европскиот парламент веќе една деценија.




