Почина култниот професор по филозофија Стефан Сидовски – Сидо. Тој 36 години беше професор во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а предаваше и како вонреден професор по историја на филм и теорија на филм во ЕСРА.
Беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм. Сидовски е познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици.
Филмот “Последното кафе”
Тој е автор на филмовите Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016, а неговиот последен филм, објавен на Јутјуб, е насловен „Последното кафе“.