Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МојДДВ досега ја симнале 58 илјади корисници, повратот на ДДВ околу 120 илјади евра

0
By Нова ТВ on July 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 5, 2019 13:49

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата МојДДВ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово. Притоа, за истиот период прочитани се вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу 7 милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

Сања Лукаревска, директорката на УЈП на прес конференција  рече дека мерката веќе ги дава првите посакувани ефекти од нејзината примена во однос на издавањето фискални сметки и справувањето со сивата економија.

Единствен проблем, додаде таа, во моментов околу примената на апликацијата е што таа не може да ја симнат корисниците на „ајфон“. Во врска со ова, таа појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на „Епл стор“ за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт. Но, како што рече, заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка и додаде оти се очекува во секој момент апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на „ајфони“ на веб страната на „Епл стор“.

Поплаки од граѓаните до УЈП имало и за нејасни бар-кодови на сметките поради што било отежнато или невозможно нивно читање на апликацијата на мобилните телефони. Во овој случај, веќе од страна на самите граѓани е извршен притисок врз големите маркети навремено да ги сервисираат нивните фискални апарати за да се избегнат вакви ситуации. Граѓаните кои имаат проблем со читање на бар-кодовите од фискалните сметки проблемот можат да го надминат ако ваквите сметки ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои, велат, функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.

Од УЈП исто така псоочуваат дека  доколку физичко лице се обиде да скенира сметка која е на име на фирма, на тоа физичко лице ќе му биде изречена глоба до 250 евра, за да се избегне двојното оданочување.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.