Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја повика опозицијата на дијалог со цел да се постигне национално помирување.
-Го повторувам мојот повик за национален дијалог, заради мирот. Следната недела ќе имам добри вести за резултатите од нашите преговори. Продолжувам да инсистирам на воспоставување постојано тело за мировен дијалог, рече Мадуро,. Тој повика на мир и национално единство.
Мадуро рече дека е време да се запре ширењето на теориите за заговор, повици за воена интервенција и да се поништат санкции за Венецуела.
Во меѓувреме, американскиот Стејт Департмент соопшти дека се загрижени поради грубо нарушените човекови права и насилствата наведени во извештајот за човекови права на ОН.
-Извештајот ја прикажува длабочината на безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела. Потврдува дека режимот на Николас Мадуро и неговите бандити грубо ги нарушуваат човековите права на народот во Венецуеал и им ги одземаат основните права на слобода преку систематска репресија, тортура и застрашувања, изјави портпаролката Морган Ортегус.
Се додава дека ОН обелодениле една од најзагрижувачките статистики за тоа како специјалните сили на бившиот режим на Мадуро убиле најмалку 5,287 луѓе во 2018 година и најмалку уште 1,569 до средината на мај 2019 година.
Се укажува дека во извештајот се наведени детали за измачувањето и ликвидацијата на Рафаел Акоста Аревало, офицер во морнарицата на Венецуела „кој починал откако бил задржан од бандитите на Мадуро и нивните кубански помошници“.
-Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и до најблиските, додаваат од Стејт департментот.
Се укажува дека ниту една диктатура не трае вечно.
-Венецуела наскоро ќе биде слободна а оние одговорни за злоупотребите и нарушените човекови права ќе одговараат. Меѓународната заедница треба да го осуди нелегитимниот режим на Мадуро, се вели во ссопштението и се апелира до сите земји кои сеуште не го признале Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуала да го сторат тоа.




