Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По изјавата на Дачиќ: Амбасадорите повикани во МНР во Белград и Софија

0
By Нова ТВ on July 7, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 7, 2019 09:57

Амбасадорот на Србија во Бугарија по налог на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева ќе биде повикан на состанок во бугарското МНР поради изјавата на министерот за надворешни на Србија Ивица Дачиќ за бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што пренесува агенцијата БТА на интернет страницата, амбасадорот е повикан поради коментарот на Дачиќ на изјавата на Борисов на прес конференцијата на шефовите на влади на Германија, Полска, Бугарија и Северна Македонија во Познањ.

Дачиќ, пак синоќа изјави дека по негова наредба, бугарскиот амбасадор во Белград бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи.

„Србија со Бугарија како соседна земја сака добри, пријателски и сојузнички односи, што подразбира високо ниво на разбирање за најважните интереси на двете земји и на две нации”.

„Како што имаме разбирање за прашањето за бугарскиот национален идентитет, јазикот или Гоце Делчев, исто така очекуваме разбирање за важноста на косовското прашање за српскиот народ. Затоа, оваа изјава на бугарскиот премиер не се однесува на прашањето за квотата за риболов или квалитет на српско сирење во преговорите со Европската унија, туку се осврнува на прашањето за територијалниот интегритет на Србија”, нагласува Дачиќ во изјава за Танјуг.

Како што истакна, ваквите изјави мора да бидат прецизни, бидејќи не е точно дека целата Европска Унија има единствен и заеднички став за независноста на Косово.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во Познањ на самитот за Западен Балкан му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да го почитува ставот на ЕУ за независноста на Косово и да не му „држи лекции” на новоизбраниот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Дачиќ реагираше на изјавата на Борисов дека шпанскиот дипломат треба да ги застапува интересите на ЕУ за независноста на Косово, а не и на неговата земја, која не го признава Косово.

-Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел. На што тоа ти личи, тоа е безобразно. Најмногу ме нервира лицемерието, доста ми е повеќе од тоа. Да не кажувам дека тој доби наш орден, рече Дачиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.