Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот затрупан со претставки од граѓани, но ниедна постапка за разрешување обвинители

0
By Соња Петрушевска on July 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 8, 2019 16:27

За една година до Советот на јавни обвинители стигнале повеќе од 200 претставки од граѓани кои биле незадоволни од работата на обвинителите.

Оштетените граѓани или правни лица барале од Советот да реагира и да преземе конкретни дејства против обвинители кои воопшто не постапувале по пријавите кои ги поднесувале, а дел од предметите и застареле. Но и покрај зголемениот број на претставки (во 2017 биле поднесени 166 претставки, а во 2018 -201)  Советот соопшти дека „биле разгледани сите преставки, но не било утврдено прекршување на законите“.

„Во текот  на проверките на наводите во претставките, воочени се пропуштања во постапувањата на  јавните обвинители, од формална природа, во мал дел и пропуштања од суштинска природа.  Заради тоа од повисоките јавни обвинителства им е укажувано во иднина не се повторуваат вакви повреди, меѓутоа констатирано е дека истите не биле од влијание на законитоста на донесени одлуки“, пишува во Извештајот кој Советот на јавни обвинители го достави до Собранието.

Претседателот на Судскиот совет Коле Штерјев потврди дека не е поднесена ниту една иницијатива за да се утврди одговорност кај некој обвинител.

„Вие се претворивте во биро за вработување. Сте добиле преставки од граѓани за непостапување или неажурно постапување и за застарување на кривичните дела, а не сте поднеле ниту една пријава за да се провери дали совесно си ја извршувал работата.

Или очекувањата на јавноста беа преголеми или вие не сте загризале повеќе, но очекувањата не се исполнети. Треба да бидете многу поактивни во делот на разрешување на обвинители, затоа што ако тие знаат дека се под ваша лупа, многу поодговорно ќе си ја вршат работата“, рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски.

„Немаме постапка за разрешување. Тоа е работа на Вишите обвинителства, ние можеме да иницираме постапка до Јавното обвинителство, но не сме покренале. Советот кога ги разгледувал претставките, не утврдил дека има основа да препорача разрешување“, одговори Штерјев на дебатата во Комисијата за политички систем каде се разгледуваше  Извештајот на Советот на јавни обвинители.

Во 62 предмети, претставките се однесувале за работата на конкретни јавни обвинители, но Советот не кажува за какви предмети се работи, ниту за кои обвинители.

„Извештајот за минатата година е пуст како тој од претходната и може да се заклучи дека не се мрднало ништо во решавање на проблемите.

Речиси половина од претставките се за конкретни обвинители, но овде недостига објаснување за што се тие претставки и кои се причините“, рече Снежана Калевска Ванчева, пратеничка од СДСМ.
Штерјев се пожали дека има недостиг на обвинители – во Крива Паланка каде со години нема обвинител, никој не се пријавува. Обвинители недостигаат и во Ресен и во речиси сите обвинителства, но најпроблематично е во Скопје, каде недостигаат околу педесетина обвинители.
Штерјев во Извештајот, исто така, се жали дека Советот на јавните обвинители нема сопствен буџет, туку се финансира како дел од буџетската програма на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
„Ваквата состојба е неодржлива и е неопходно што поскоро целосно буџетско осамостојување на Советот на јавните обвинители, затоа што се доцнело со исплата на своите обврски кон добавувачите, па имало и случај да се поведе прекршочна постапка против одговорно лице во Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија“, пишува во Извештајот.

Штерјев потврди дека биле разгледани и жалбите на  обвинителите Гордана Гешковска, Јован Цветановски и Златко Биковски кои поради непостапување по настаните од 27 април беа дисциплински казнети со 30 проценти пониска плата во период од половина година. Советот на обвинители донел одлука по нивните жалби и ја доставил до Обвинителството, но  Штерјев не кажа каков бил ставот на Советот на обвинители.

Овие тројца обвинители извршија увид во Собранието дури откако биле изнесени хард дисковите со снимки во настаните во Собранието. Петчлена комисија во ЈО одлучи дека тие не го презеле потребните истражни дејствија нав реме, но наместо разрешување, изречена им беше само дисциплинска мерка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.