Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Несолени обиди за дестабилизација на други држави

0
By Нова ТВ on July 10, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: Moscow Times
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2019 09:45

Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Стојларов (Лексус), се двајцата руски “комичари” кои и се добро познати на светската јавност.

Интересно е тоа што тие никогаш не направиле пранк на некој руски политичар, а причината кои тие ја наведуваат за тоа е дека не сакаат да ја доведат Русија во состојба на дестабилизација.

При ваков аргумент неизбежно е прашањето, дали изведувањето на ваквите “акции“ нема да предизвика дестабилизација на другите држави, како на пример во случајов Република Северна Македонија?

Дополнително во интервју за The Guardian таканаречените комичари изјавуваат дека никогаш нема да му направат пранк на Путин, и дека не сакаат да и наштетат на својата држава потенцирајќи дека не сакаат да направат ништо што би им помогнало на непријателите на Русија. Од тука се поставува уште едно прашање, а тоа е дали за таканаречените комичари  Република Северна Македонија е непријател на Русија?

Сите нивни “акции” имаат еден заеднички именител, исмевање на жртвите како примарен и исмевање на системот и институциите како секундарен. Ваквиот пристап предизвикува недоверба во политичарите и институциите. И едното и другото се несомнено основа на дезинформациите и руската пропаганда, за што тимот на F2N2 има пишувано во повеќе наврати.

Нивните таканаречени прaнкови(несолени шеги) се сведуваат на тоа што тие се јавуваат на познати личности од различни сфери и лажно се претставуваат како и тие да се некоја позната личност. Целна група на нивните пренкови се во принцип луѓе од високата политика во светот, кои не се на иста бранова должина со политиките на Кремљ. Со самото тоа што тие се претставуваат како Владимир Путин, Петро Порошенко, Арсениј Петрович Јаценјук и др., лесно, а понекогаш и ненамерно можат да дојдат до информации кои се од доверлив карактер.

Листата на луѓе кои биле “изиграни” од страна на овие руски “комичари” е долга и е со прилично звучни имиња. На неа се наоѓаат музичката ѕвезда Елтон Џон, Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, поранешниот шеф на Британската дипломатија Борис Џонсон, американската политичарка Максин Вејтерс, американската дипломатка Ники Хејли, поранешната министерка за одбрана на Шпанија Марија Долорес, Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг, поранешниот Претседател на Црна Гора Мило Џукановиќ, aмериканскиот политичар Џон МекКејн, поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај, Претседателот на Франција Емануел Макрон, Федерика Могерини и Жан-Клод Јункер, а последен на листата е премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

Енигма е тоа како тие успеваат да дојдат до телефонските броеви на нивните жртви, со оглед на тоа што се работи за броеви на луѓе и институции до кои не така лесно може да се дојде. Нивниот одговор по ова прашање е дека тие сами успеаваат да дојдат до броевите или со помош на пријатели. Кои се пријателите останува непознато.

Прашање е дали станува збор за “комичари” или пак за агенти на руската разузнавачка служба, скриени под сатирични маски?

При преслушување на дел од нивните видеа објавени на нивниот YouTube канал, можете да слушнете дека во видеото од разговорот со Јенс Столтенберг и од тоа со Зоран Заев имаат исти сегменти односно исечоци. Имено, во разговорот со Зоран Заев искористен е вистинскиот глас на Јенс Столтенберг, кој е исечок од разговорот кои руските “комичари” го имаат направено со него во фебруари 2017 година и истиот е “залепен” во видеото од разговорот со Заев. Дека станува збор за идентичен исечок и во двете видеа, слушнете го разговорот кој го водат со Зоран Заев во 20:30 минута и во 10тата секунда од разговорот кој го водат со Јенс Столтенберг.

За побрзо преслушување на овие делови од телефонските разговори, тимот на F2N2 направи исечоци.

https://www.youtube.com/watch?v=NMvWIFceJz8

https://www.youtube.com/watch?v=AgwVeifeQKs

Ваквите дејствија можат да се декларираат само како обиди да се наштети на држави кои имаат Евроатлански аспирации. Очигледно се поизвесниот влез на Република Северна Македонија во НАТО е “трн во око” за Кремљ, па ваквите напади можеби не треба да не изненадуваат.

*Преземено од Fighting Fake News Narratives

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

ВЕСТИ June 28, 2026

Родитeлите и блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, вчера во Кочани го одржаа…

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.