Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавена тајна снимка: Како Русија ја финансира европската екстремна десница

0
By Нова ТВ on July 10, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2019 20:29

Тројца Руси и тројца Италијанци, од кои едниот најблизок соработник на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини биле тајно снимени како на 18 октомври минатата година, во московскиот хотел Метропол, коваат план Русија да ги финансира европските националистички движења и високи личности од екстремната десница во обид за формирање на „Голем Сојуз”, објави Buzznewsfeed – а пренесува „360 степени“.

Целта е со руска помош да се поткопаат либералните демократии и да формира нова, националистичка Европа блиска до официјална Москва.

Според снимениот разговор, соработникот на Салвини, Џанлука Савоини преговора за условите за договорот со кој преку таен канал, десетици милиони долари руски нафтени пари би се прелеале на контото на владејачката партија во Италија, „Лига“ на Салвини, пред кампањата за изборите за Европскиот Парламент.

„Ова е важен историски и геополитички период за да ја смениме Европа. Во мај ќе се одржат европските избори. Сакаме да ја смениме Европа. Нова Европа мора да биде блиска до Русија. Ние Италијанците сакаме самите да одлучуваме за својата иднина и да не зависиме од одлуките на илуминатите од Брисел и од САД. Салвини е тој што сака да ја смени цела Европа, заедно со десничарите од Слободарската партија на Австрија, Алтернативата за Германија, со французинката Ле Пен, како и со останатите земји, Унгарија со Орбан или во Шведска со тамошните десничари. Ние си имаме сојузници и сакаме да направиме еден голем сојуз на проруски партии, нo не проруски за Русија, туку за нашите држави“,се слуша како говори соработникот на Салвини.

Салвини не присуствува на состанокот, но претходниот ден бил во Москва, каде пред да се се сретне со рускиот вицепремиер Дмитриј Козак, јавно ги осудил санкциите кон Русија како „економски, социјални и културни глупости”.

Разговорот трае еден час и 15 минути. Во него се споменуваат голема руска нафтена компанија која ќе продава најмалку 3 милиони тони гориво во текот на една година на италијанската нафтена компанија „Ени“ за сума од околу 1,5 милијарди долари. Купувањето и продажбата ќе се вршеле преку посредници, со дисконт од околу 65 милиони долари. Тоа се парите кои тајно, преку посредниците би требало да легнат на сметката на италијанската владејачката партија.

Информација за преговорите во Метропол биле објавени и во италијанското списанието L’Espresso, но тогаш, портпаролката на Салвини одбила да одговори на прашањата за состанокот, отфрлајќи ги како „фантазија”, додека Савоини за за новинската агенција „Спутник“, која е поддржана од Кремљ, демантирал дека учествувал во какви било преговори.

Британците се уште ги преиспитуваат дел од изворите на финансирање на кампањата за Брегзит, за кои постои сомнеж дека имаат руско потекло. Пари, преку кредити од руски банки има користено и екстремната десница на Ле Пен од Франција а лидерот на австриската екстремна десница, пред два месеци беше принуден да поднесе оставкa, откако беше снимен како преговара за руска поддршка на неговата партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.