Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за антидискриминација селективно одлучува за говорот на омраза

0
By Нова ТВ on July 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2019 15:38

Комисијата за антидискриминација одлучувала селективно по претставките кои биле поднесени од граѓани или невладини организации – покажува Извештајот за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2011-2018 на Мрежата за заштита од дискриминација.

За некои преставки се одлучувало експедитивно – како што беше примерот со Груевски, а за други се чекало да застарат. Селективност има и во одлуките –  членовите не гледале дискриминација кога пратеници или  медиуми кои беа  подржувачи на претходната власт биле пријавувани за ширење на говор на омраза.

Најиндикативен случај што ја одбележа 2018 година, како што е наведено во извештајот, е случајот на дискриминација врз поранешниот премиер Никола Груевски од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска во предметот „Тенк“, кога Комисијата постапила брзо и пред законскиот рок..

„Со ваквото мислење на Комисијата целосно се доведува во прашања кредибилноста за вршењето на мандатот на ова институција. Комисијата не само што утврди дискриминација без да ја образложи дискриминаторската основа (личен и семеен статус) и ја закажа седницата надвор од воспоставената практика туку на претставката на поранешниот премиер ѝ даде предност пред другите претставки за кои законскиот рок од три месеци е одамна истечен“ пишува во Извештајот.

Членките на Мрежата за заштита од дискриминација во изминатите три години доставиле 19 претставки и Комисјата се уште не постапила по нив иако поминало и повеќе од една година.

За нив е сиптоматична одлуката на Комисијата која не утврдила прекршување на правата на геј момче кое пријавило дека било навредувано и  психичко вознемирувано  од страна на психолог во ЈЗУ Поликлиника „Букурешт“. И покрај наводите во  пријавата дека на момчето му биле прекршени низа законски гарантирани права и претрпел дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и здравствената состојба, Комисијата заклучила  дека „нема дискриминација, бидејќи во
претставката нема докази кои ја потврдуваат веродостојноста на разговорот со вознемирувања врз дискриминаторска основа“. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, товарот на докажување се префрла на страната на потенцијалниот сторител, но очигледно Комисијата не го применила ова правило и арбитрарно одлучила да не ги уважи наводите на пациентот – пишува во Извештајот на Мрежата за антидиксриминација.

Изминативе две години, Комисијата воопшто не реагирала или ги отфрлала и преставките кои биле поднесени за ширење на говор на омраза против  весникот „Вечер“ и порталите „Курир“, „Инфомакс“ и „Пулс24’. Во веста од анонимен автор а со наслов  „Македонски хомосексуален сајт демне малолетници на Фејсбуко“ која ја пренеле сите овие медиуми, Комисијата не видела дека се стигматизираат хомосексуалците и се создава ирационален страв од овие лица кај јавноста, туку донела одлука дека се работи за слобода на изразувањето. Сличен е примерот и со веста која исто така била пренесена преку најголем број од овие медиуми со наслов:  Децата ќе учат за хомосексуалноста, ЛГБТ ќе стане заштитена
заедница, а Ивон Величковски ќе им ги поддржува – правата!“ Комисијата  за заштита од дискриминација ја отфрлила претставката затоа што  не препознала дискриминација, односно говор на омраза.

Игор Јадровски, кој е еден од авторите на извештајот, рече дека Комисијата за заштита од дискриминација различно постапувала во исти или слични случаи во зависност од политичката афилијација на потенцијалниот дискриминатор. – На пример, Комисијата не утврдуваше вознемирување во случаите на говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето во медиуми блиски до тогашната власт, додека утврди дискриминација за слична содржина во мали и локални портали, рече Јадровски.

Како позитивни примери  се посочуваат одлуките на Комисјата за дискриминација на лица од ромска етничка припадност на кои им беше забрането да влезат во  базенот во скопската населба Аеродром и во базенот во Прилеп.

Комисијата за борба против дискриминацијата  досега не повела ниту една судска постапка по службена должноста за заштита од дискриминација. Доколку Комисијата не го следи спроведувањето на препораките, а казните се само симболични, дискриминаторската практика ќе продолжи.

Во подготовка е нов Закон за оваа комисија која треба да стане Агенција и да се избере нов состав.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.