Во Охрид, на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, од вчера се поставени знаци забpaнето капење. Станува збор за населбата Воска, тоа е првата населба од тврдината кон Струга.
Оваа информација заедно со фотографии ја објави универзитетскиот професор Самоил Малчевски на неговиот Фејсбук профил. Тој тврди дека забраната е резултат на загадувањето на езерото поради нефункционирање на колекторот.
Засега нема официјално објаснување ниту реакција од локалните власти.