Електромонтери и градежници и натаму работат на обновување на инфраструктурата и снабдување со електрична енергија на Халкидики каде е прогласена вонредна состојба по големото невреме од средата, соопшти денеска секретарот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардалиас.
Снабдувањето со струја наскоро треба да се обнови и во местата Мармарас, Симантра и во кампот во Сарти.
Во останатиот дел од Касандра каде имаше прекин на струјата, постепено се враќа снабдувањето, по замената на пет оштетени главни кабли. Сообраќајот од петокот е нормализиран на дел од патот Потидеа-неа Фокеа, кој беше затворен откако на патот беа паднати електрични столбови.
Министерството за здравство соопшти дека во болниците има вкупно 14 повредени, од кои само еден е во критична состојба.
Во невремето кое во саботата ја зафати Грција, освен голема материјална штета, загинаа 7 лица, од кои шестмина се туристи. Стотина се повредени.




