Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тресење за Меркел

0
By Нова ТВ on July 13, 2019 СВЕТ
Фото: DPA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 13, 2019 13:25

Заштитата на податоците во Германија се третира како светост. Без моја согласност, не смеат на други да им се стават на располагање дури ниту работи како адресата, професијата или возраста.

Но, и во Германија, само за политичарите, важат други правила. Од политичарите може да се бара се’ и тие мораат се’ да обелоденат – од проверка дури и на фуснотите во нивните докторски трудови, се’ до последниот цент од нивните приходи од некакви почесни или дополнителни функции. А, ако имаат здравствен проблем, тогаш повеќето од медиумите би сакале по можност да добиваат лекарски билтен од прес-службата, со целосна анализа на крвната слика.

Се’ додека такво нешто не се случи, шарлатани од секаков вид може да поставуваат дијагнози од далечина, дури и ако тие немаат никава врска со реалноста. Искрено, на што личи тоа? Анализа на Дојче веле.

Здравјето како политичко прашање

Се разбира, здравјето на канцеларката е политичко, а со тоа и јавно прашање. Барем во случај таа да не биде веќе во состојба со полна сила да ја извршува функцијата, која без сомневање е напорна. Но, случајот не е таков. „Добро ми е“, вели Ангела Меркел.

Само што, на тоа никој не и’ верува. Зашто, сликите од тресењето на канцеларката покрај новиот украински претседател, или на именувањето на новата министерка за правда, а потоа и покрај финскиот премиер, ги видоа сите. Што, по ѓаволите, беше тоа?

Тука доаѓа до израз сосема променетата улога на медиумите. Зашто, Ангела Меркел не е прва германска канцеларка која има здравствени проблеми. Вили Брант, иконата на германската социјалдемократија, страдал од депресивни состојби кои траеле со недели, па во тие периоди не бил способен да владее. Хелмут Шмит, кој го наследи Брант на канцеларката функција, во текот на својот мандат отприлика 100 пати се онесвестил, еднаш дури и во Елисејската палата.

Разликата меѓу тоа време и денешното е што – никој не дозна за тоа. Новинарите, дури и да виделе нешто, во тоа време никогаш не би објавиле такви слики. Шмит самиот ги обелодени своите тогашни проблеми кога имаше 95 години, на една година пред смртта.

Химна во седечка позиција

Германија сега има канцеларка која, ако така смета, ја слуша химната седејќи. Дали е тоа проблем? Да беше Волфганг Шојбле канцелар, кој е во инвалидска количка од атентатот кој му беше извршен и кој долго време важеше за принц престолонаследник на Хелмут Кол, Германците одамна ќе беа навикнати на таква слика.

„Инаку, цврсто сум убедена дека сум во добра состојба за работа.“ Германците ќе мора некое време да веруваат во реченицата која Ангела Меркел ја кажа на прес-конференцијата со финскиот премиер во средата. Дали е тоа лошо? Не! Зашто и канцеларката има право на она на што сите други Германци имаат право: право на приватност. Дел од тоа е и конкретниот проблем кој во моментов и’ нанесува болка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.