Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По дипломатскиот скандал:Скотланд Јард се закани со тужби за новинари-политичарите реагираа

0
By Нова ТВ on July 13, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 13, 2019 17:07

Британски политичари ги осудија заканите на полициската управа во Лондон дека ќе тужи новинари кои ги објавуваат протечените доверливи документи, што дошле во нивна сопственост по дипломатскиот скандал со британскиот амбасадор во САД.

Британската полиција покрена кривична истрага поради „протекување“ доверливи дипломатски документи, што беше причина за оставка на британскиот амбасадор во САД.

Истрагата ја води антитерористичката полиција, во чии надлежности се истрагите за кршење на британскиот Закон за државни тајни.

„Мејл он сандеј“ ги објави телеграмите во кои британскиот амбасадор Ким Дерок ја опишал администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп како „дисфункционална, невнимателна и неспособна“. Потоа Трамп веднаш возврати, нарекувајќи го амбасадорот „помпезна будала“, по што Дерок поднесе оставка, истакнувајќи дека е невозможно да продолжи да ја извршува својата работа.

Заменик началникот на лондонската полиција Нил Басу ги повика одговорните за истекот на доверливите информации да се предадат, предупредувајќи дека објавувањето на каков бил дел од останатите протечени документи „може да се смета како криминал“.

– Би ги советувал сите сопственици, уредници и издавачи на социјалните и традиционалните медиуми да не ги објавуваат протечените документи, кои можеби веќе се наоѓаат во нивни раце или, пак, можеби ќе им бидат понудени, туку да и ги предадат на полицијата или да му ги вратат на законскиот сопственик, а тоа е Владата на Обединетото Кралство, истакна Басу.

Двајцата претенденти за иден британски премиер – актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант и фаворитот во изборната трка Борис Џонсон, изразија несогласување со таквиот став на полицијата.

Хант напиша на Твитер дека полицијата треба да истражува како протекле доверливите документи, но „категорично го поддржува правото на медиумите да ги објавуваат протечените документи доколку новинарите ги добијат и ако сметаат дека тоа е во интерес на јавноста. Тоа е нивна работа“.

Џонсон, исто така, даде сличен коментар дека „не може да се прифати кој било медиум да се најде на удар на судството бидејќи објавува такви материјали“, оценувајќи дека „протечените материјали, дури и да создадат непријатна ситуација, не претставуваат закана за британската национална безбедност“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.