НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невладини:Текстот на законот за заштита на Охрид не е оној презентиран во Баку

0
By Нова ТВ on July 13, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осумнаесет невладини организации регираат до Владата дека предлог законот за  управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што требаше неделава да влезе во собраниска процедура, не го содржи истиот текст што бил дискутиран на јавната расправа лани и што бил презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку.

-Предлагачите во него додале член со кој уредува примена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење напрепораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот).

Сметаме дека ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните. Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки, реагираат невладините, кои истакнуваат дека ова „отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата“.

-Во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата.

Воедно сметаме дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Затоа бараме од Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку во јуни 2019 год, Собранието во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законотод ноември 2018 год. кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКО во Баку во јуни 2019 год и Владата да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот , а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство, се вели во писмената реакција потпишана од:

Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Скопје

Движење за околината Молика – ДОМ Битола

EcoGuerila Тетово

Еко Живот Кавадарци

Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга

Фронт 21/42 Скопје

Центар за климатски промени Гевгелија

Граѓанска иницијатива Охрид SOS

Еко ЛОГИК Скопје

Анима Мунди Скопје

Поддржано од Блупринтгрупата за правосудство:

Хелсиншки Комитет

Фондација Отворено општество – Македонија

Институт за европски политики ЕПИ

Здружение на млади правници

Коалиција сите за правично судење

Институт за човекови права

Центар за правни истражувања и анализи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.