Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗАИ бара поништување на програмата за издавачка дејност

0
By on January 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 21, 2013 12:42

Здружението на албански издавачи (ЗАИ) е незадоволно од Годишната програма на Министерството за култура, смета дека е нетранспарентна и непринципиелна и бара поништување на резултатите за поддршка на издавачката дејност.

ЗАИ бара од Министерството за култура од конкурсот за финансиска поддршка да ги исклучи апликантите кои немаат регистрирана главна дејност издавање книги и оние со некомплетна документација, а бара и да се објави висината на поделените средства според процентот, а не според поддржаните наслови бидејќи, како што посочи на прес-конференција, според досегашната практика бројот на поддржани наслови не кореспондира со висината на доделените средства од 25 отсто од вкупниот износ.

ЗАИ е незадоволно што од 88 книги на албански јазик што се поддржани со Програмата 29 или околу 30 отсто им припаѓаат на физички лица и прашува колку од нив се регистрирани и како правни субјекти автор – издавач.

И издавачот Роберт Алаѓозовски од „Готен“ протестира против одлуката на Министерството за култура да не го поддржи македонскот учество на Саемот на книга во Лајпциг во 2013 година.
Во писмото до јавноста Алаѓозовски пишува:

„Одлуката ја сметаме за несоодветна и погрешна од неколку причини:
Прво, таа е во спротивност со неодамна зацртаната Стратегија за развој на културата 2012-2017 и соодветниот Акциски план за реализација на Стратегијата, каде пто Саемот на книгата во Лајпциг е споменат со име!
Таа е во спротивност со заклучоците на Советот за култура на Министерството кој, сумирајќи ја 2012 година, го спомена проектот како еден од најзначајните.
Откажувањето од подршка на овој проект значи напуштање на партнерството со мрежата Традуки, во која Министерството, преку овој проект учествуваше четири години со ред. Да потсетиме членки на оваа мрежа се Министерствата за култура на Хрватска и Словенија, државни агенции на Австрија и Швајцарија и фондации за култура од Германија. Како дел од програмата за соработка Традуки освен што одобрува преводи на македонски автори, подржа и други програми за промоција во странство, а подржа и книжевни манифестации во земјата, меѓу другото и меѓународната програма во рамките на ланскиот Саем на книгата во Скопје. Мрежата Традуки е во постојан развој и вклучување на нови министерства и фондации за нови и значајни проекти.
Проектот на претставување на нашата литература во Лајпциг, бележеше тренд на развој и во моментот на откажувањето на подршката е во зенитот на својата форма. Минатата година организиравме солиден национален штанд со своја програма и изложба на преку двеста книги. Партнерите од Традуки, којшто одлично го познаваат германофонскиот книжевен пазар велат дека континуираното присуство и соработка е клуч на успехот“- пишува Алаѓозовски.

Тој на се надева дека Министерството за култура ќе ја промени оваа одлука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.