Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На што да се фатиме сега?

0
By Нова ТВ on July 16, 2019 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 16, 2019 22:31

Пишува Гордан Георгиев

Сето ова ќе заврши еден ден. Некој ќе памти, останатите ќе злопамтиме. Зло ни беше нанесено, резидентно зло. Во недостаток на пристојна религиска понуда, ни ја уништија вербата во самите нас, која претходно им ја бевме подариле токму ним. Верба и надеж дека нешто важно сме направиле, дека нашиот глас се слушнал и се слуша, дека нашата сплотеност верувајќи силно во нешто имала смисла. Чуму ни се овие шутраци зад решетки (ако се шутраци и ако бидат зад решетки, почитувајќи ја таа проклета и бесмислена презумпција на невиност) ако немаме повеќе за што да се фатиме. Ја гледам Ленче на пресот, ја чувствувам Фатиме како се снебива од некоја плажа и си велам, нешто ми вели да си велам: па чекај, овие луѓе не се лоши, не изгледаат нечесно, не е можно да се нечесни. Сигурно се насамарени, брутално насамарени, и сега така несмасно мораат да се оградуваат од шефицата. Или да се фатиме за Русковска и Јовески, кои делуваа прилично стамено, одлучно и професионално, поткрепени од нивните длабоки бразди на лицата, одраз на нивното искуство во работата. Не, веќе немаме за што да се фатиме. Се водиме од дневни или минутни импресии за тоа каква изјава дал некој, дали изгледал суверено, дали ни личело дека ја кажува вистината, дали е убав и одморен дента или пак подочниците го издаваат дека имал непроспиена ноќ… И утредента нови и нови разочарувања.

Кои се опциите?

Ако ова СЈО, кое како питомо месо се закачи на дивото месо наречено македонско правосудство, не успеа да ја исполни задачата, туку напротив длабоко и трајно се само-компромитираше, со сета поддршка што ја имаше од јавноста и од секојдневниот радар на странците, тогаш џабе ни се надежите дека некакво друго и ново СЈО со некаква друга и нова Катица ќе има подобра стартна позиција да ја врати состојбата на почеток. Отткука, опелото кое го одржа денес Ленче, колку и достоинствено и стоички да беше доживеано, е сепак само последниот чин пред погребот на СЈО. Колку побрзо ја осознаеме оваа вистина, толку побрзо ќе можеме да се присобереме и да видиме што ќе правиме понатаму.

А понатаму немаме премногу опции. Опциите за намалување на штетата по владата или по партијата не се опција за големото мнозинство граѓани, верувајте. Единствени можни опции се оние кои би можеле да ја оправат сегашната штета, без разлика како тоа оправање ќе влијае на владата или партијата. А и Европјаните остануваат без опции. Што ќе каже сега Холандија на пример, таа наивна лулка на правдата, која безмилосно и условувачки го поддржуваше токму ова СЈО со токму оваа Катица? Што ќе каже Европската Комисија? По кои тоа европски престолнини ќе се растрчуваат нашите министри и со која аргументација ќе настапуваат за добивање на датум во октомври? Ако мислат да настапат со денешниот несмасно срочен фаст фуд пи-ар дека токму сегашниве процеси се доказ дека постои правна држава, па тоа ќе биде навистина смешно.

Што треба да правиме понатаму?

Доколку Зоран Заев одлучи да не поднесе оставка како резултат на крајна немоќ да се справи со канцерот кој го опкружува, тогаш треба да повика меѓународна (хуманитарна) помош за хуманитарната катастрофа со која се соочува македонскиот народ и нација. Да ја признае немоќта да се додржи системот кој претходно детално некој друг го распадна, да се извини за илузиите што ги имал дека може да се оправи работата, и да повика цел контингент Прибевци од нашите пријателски држави, на кои веднаш ќе им додели (привремено ако треба) македонско државјанство. Ние тоа ќе го разбереме и поддржиме. Да соопшти дека ваква каква што е, Република Северна Македонија не сака и не е подготвена да отпочне преговори со ЕУ сега во октомври. И дека ни треба време за длабока интроспекција и внатрешно консолидирање за да можеме чесно да тропнеме на вратите на ЕУ. Контингентот Прибевци да се распореди по сите институции во коишто тие ќе одлучат дека треба да се распоредат, со инокосно право да влијаат на одлуките на врвните раководители на тие институции. Премиерот на РСМ секое утро да пие кафе со контингентот Прибевци и да одржува дневен брифинг на тема „состојбата во институциите на системот“.

Сакаме протекторат!

Протекторат!?! Да, да, сакаме протекторат! Ни треба заштита од самите себе.

Оти само што го превзема кормилото на економскиот владин брод, ветувајќи или најавувајќи дузина краткорочни популистички мерки кои брзо би ги осетиле граѓаните, тоа кормило удри во подводната карпа наречена правна држава. Како што и секојпат претходно сите кормила удирале во истата таа проклета карпа.

Најпарадоксалниот момент е дека денес, единствениот кој буди надеж за санирање на последиците од оваа тешка хаварија која ни се случува е токму премиерот на РСМ. Тоа е толку очајничка позиција за сите нас. Тоа личи на бинго бројчето кое никогаш не се паѓа. Но тоа е така и тука нема иронија. Дали навистина јас го пишувам ова? Надежта последна умира…

Надежта е чудна работа. Таа навистина последна умира, та Исус е највеличествениот доказ дека надежта живее и после смртта. По неколкупати одложената и одложувана смрт на македонското правосудство, нам ни треба нова надеж. Не, тоа не е обична ПР флоскула за да  се купи време. Владата добро знае дека времето е поминато. Сега се спасува она што може да се спаси. Заев кажа дека не сака втор мандат, туку дека е дојден да ги заврши работите. Ете му можност да ги заврши работите и да го исполни својот месијанизам. Не знам што ќе прави и дали знае тоа да го прави, но од денес до последниот ден од својот мандат, Зоран Заев не треба да потроши ниту еден ден за спасување на сопствениот рејтинг или за одржување на подобра позиција на владата или партијата. Наспроти контра-советите што ќе доаѓаат од безмалку сите околу него. Тој треба секој божји ден да го искористи во оправање на државата, и да мисли интензивно и длабински во таа и само во таа насока. Неговите блиски кои се колнеа на верност и катадневно ги покажуваа лузните од борбата де факто го распродаваат на секоја можна тезга. Таму нема што повеќе да бара. А дали на Заев можеме да му веруваме?!? Уф, не знам, надежта последна умира. Јас уште малку одбирам да живеам во надеж.

Господ да ја чува Македонија, иако ние секојдневно покажуваме дека не сме деца господови, ние сме отпадници од родот свој.

 

 

*Објавено на Дојче веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.