Веднаш по објавувањето на резултатите од претседателските избори во Украина на 21 април 2019 година, прва жртва на руските комичари Владимир Кузнецов – Вован и Алексеј Столјаров – Лексус е францускиот претседател Емануел Макрон.
Во разговорот тие го прикажуваат Порошенко како криминалец и алкохоличар, а го наведуваат Макрон да говори за Русија како најголема закана за стабилноста во Европа и пошироко. Разговорот е објавен 9 дена по големиот пожар во Нотр Дам, настан кој влијае врз довербата во француските институции и во Макрон.
Една година претходно мета на комичарите е сега екс претседателот на ЕК Жан Клод Јукер. Разговорот е пред неговата посета на Вашингтон во 25 јули 2018, а намерата е, според она што го има во разговорот, да го наведат Јункер да го нападне американскиот претседател Трамп.
Потоа следуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Марија Долорес, Мило Ѓукановиќ..
Сите разговори со светските политичари обично доаѓаат во време кога жртвата и државата се дел од сензитивни политички процеси во меѓународната политика.
Повеќе од видео анализата на Фајтинг Фејк Њуз Наратив.
https://www.youtube.com/watch?v=wwrKiCzPKUY




